Деловни корисници - Пренос на податоци - Безжичен LAN
 
 
 
Линкови
 
 

Безжичен LAN

Дали е мобилноста важна за Вашите вработени?

Дали сакате да имате флексибилен мрежен пристап во Вашите сали за состаноци?

Дали на Вашите корисници ќе им се допадне да имаат брз пристап на Интернет на располагање додека престојуваат во приемниот дел на Вашата компанија?

Дали е потребна дополнителна инвестиција за ожичување?

Одговор на Вашите барања е безжичната локална компјутерска мрежа.

Безжичните компјутерски мрежи сe почесто стануваат популарно решение за корпоративниот LAN во деловните единици. Безжичните мрежи обезбедуваат сигурен пристап до постоечката мрежна архитектура со капацитети до 54 Mbit/s. Со тоа комуникацијата помеѓу компјутерските единици без кабли не само што ги намалува трошоците за мрежната инфраструктура туку ја зголемува флексибилноста при работењето.

Мобилност

Доколку работата на Вашите вработени е поврзана со често движење, тогаш знаете и самите колку е важно тие да бидат во можност да комуницираат со Вашите корисници и колеги од било кое место каде што ќе се затекнат.

Со примена на современите решенија за безжични компјутерски мрежи можете да добиете поголема флексибилност, подвижност и меѓусебна поврзаност на уредите. Вработените може да пристапат до потребните информации од корпорациската мрежа, да користат Интернет или пак да испраќаат пораки преку e - mail од својот лап топ компјутер, со што се зголемува нивната продуктивност и ефикасност .

Едноставно проширување

Безжичната локална компјутерска мрежа овозможува комуникација со останатата локална компјутерска мрежа преку радио сигнали наместо жици. Веќе нема потреба од жици за да се направи конекција со Интернет или интранет. На тој начин можете брзо и лесно да ја проширувате постоечката мрежа со нови конекции без реновирање на просторот и со многу мал напор ќе овозможите пристап во Вашата сала за состаноци или во делот наменет за Вашите корисници.

Технички карактеристики

Безжичните локални компјутерски мрежи се базираат на IEEE 802.11 b стандардот. Постојат две клучни компоненти: пристапна точка и мрежна картичка. Пристапната точка е поврзана со останатиот дел од мрежата преку Етернет кабел, и го трансформира сообраќајот во радио сигнали и го пренесува преку 2.4 GHz опсег со брзина до 54 Мbps . Сигналите се превземаат во лап топ или десктоп компјутерите преку мрежна картичка за безжична мрежа.

Македонски Телеком во соработка со светски познатите призводители на опрема за вмрежуавње Ви овозможува целосно решение почнувајќи од дизајн на безжичната мрежа према Вашите потреби, инсталација, како и редовно одржување и сервисирање.

 
Пребарување

Актуелна понуда
MaxTV за бизнис корисници
Office Complete-пакет за деловни, a веб креатор за сите корисници
Меѓународни повици
Внесете го името или кодот на државата за која барате информација
 
   
© Македонски Телеком правна напомена