Услугата може да се користи со:
§ Месечна претплата, при што имате неограничен број на пристапи до информациите за состојбата на сметката во текот на месецот преку Интернет и преку телефон (но само од телефонската линија на претплатникот и за неговиот телефонски број).
Услугата на Интернет е достапна само со користење на месечна претплата.
§ Инцидентен повик, ако не сте претплатени на услугата, а имате потреба понекогаш да ја користите.
Услугата можете да ја користите 24 часа на ден.
Мојата сметка на Интернет
Откако услугата ќе биде ви биде активирана, 24 часа по поднесување на барањето, за да добиете пристап до бараните информации, на веб страната https://moj.telekom.mk треба да ги внесете:
- телефонскиот број за кој сакате да добиете информација, и за кој сте поднеле барање и сте претплатени,
- бројот на конто од телефонската сметка (кој се наоѓа во десниот агол на првата страна од сметката).
Мојата сметка преку телефон
Завртете го бројот 142714 и следете ги инструкциите на говорниот автомат. Во зависност од тоа дали сте претплатени на услугата и дали се јавувате од сопствената телефонска линија, инструкциите се следните:
- ако сте претплатени за услугата (плаќате месечна претплата), со цел да добиете информации треба само на вашиот телефон да го внесете бројот на конто од вашата телефонска сметка,
- ако не сте претплатени за услугата и се јавувате инцидентно од сопствениот телефонски број, треба да го притиснете копчето ѕвезда * па да го внесе бројот на конто од телефонската сметка.
- ако не сте претплатени за услугата и се јавувате инцидентно од друга телефонска линија треба да го внесете и телефонскиот број за кој барате информации и бројот на конто.
Мојата сметка преку телефон можете да ја користите во рамките на мрежата на Македонски Телеком.
За да може да ја користите оваа услуга преку телефон, неопходен е телефонски апарат со тонско бирање.