Македонски Телеком - За компанијата - Стратешка определба

 

Стратешка определба

Одржувај - Трансформирај - Иновирај

 

Мисија: Лидер на пазарот во „Поврзани живот и работа“

Аспирација: Највисоко ценета услужна компанија

За да успееме да ја живееме визијата и да ја достигнеме аспирацијата за највисоко ценета услужна компанија, менаџментот на Македонски Телеком и T-Mobile ја разви новата компаниска стратегија којашто ги вклучува трите основни пораки „Одржувај-Трансформирај-Иновирај“ и е во согласност со стратегијата на Дојче Телеком „Фиксирај-Трансформирај-Иновирај“.

Основната причина за промени во компаниската стратегија се корисниците и нивните барања, како и пазарните движења . Во пазарно опкружување коешто постојано се развива и е високо конкурентно,  приватните и деловните корисници бараат услуга „сè на едно место“, која им овозможува, во кое било време и од каде и да било, постојан пристап до информации преку различни уреди и платформи. Македонски Телеком и T-Mobile Македонија ги следат глобалните трендови во бизнисот, па оттука полињата на кои е фокусирана стратегијата 2010-2015 се:

  1. Одржување на базата на корисници со врвно корисничко искуство
    На пазар којшто постојано се развива и на кој постои растечка конкуренција, нашата намера е да останеме лидери нудејќи премиум квалитет и услуги што нѐ издвојуваат од конкуренцијата. Со подобрување на традиционалните услуги и промоција на нови, наша обврска е на постојните корисници да им обезбедиме најквалитетни и највредни услуги.

  2. Трансформација на мрежите и процесите за гигабитното општество
    „Поврзани живот и работа“, како нов компаниски концепт, сам по себе наметнува нови интегрирани ИТ платформи и апликации, како и нови, интегрирани гигабитни мрежи, како оптички така и безжични.

  3. Трансформација на процесите и на корпоративната култура
    Трансформацијата е синоним за лидерство во нашата идустрија, што подразбира и промена на културата  во секојдневната работа на сите вработени преку трансформација и оптимизација на процесите и трансформација на инфраструктурата.

  4. Иновативни активности низ целиот синџир на вредности
    Иновативноста како начин за диференцирање на пазарите ù обезбедува раст на компанијата преку промена на структурата на приходите и влез во нови бизниси. Иновативноста како нов стил на работа во чие средиште се новите технолошки изуми е единствениот прав пат во овој момент кој води кон успех и перманентен придонес.

  5. Иновативен пристап до атрактивни содржини и апликации
    Развој на производи и понуда на дигитализирани и персонализирани услуги достапни за корисниците  без оглед на тоа дали тие се дома, на работа или во движење.  

Нашата визија, аспирација, бренд, организација и корпоративна култура се менуваат и имаат тенденција да бидат во чекор со растечките потреби на корисниците, а  притоа и да одговорат на новите предизвици.

 

 

 
Пребарување

Берзански информации
Македонски Телеком АД Скопје

Линкови
Deutsche Telekom
Magyar Telekom

Годишен извештај

Годишен извештај 2012 на Македонски Телеком АД – Скопје и T-Mobile Македонија АД

Годишен извештај 2011 на Македонски Телеком АД – Скопје и T-Mobile Македонија АД


Брз пристап до:
Приватни корисници
Деловни корисници
Мој Телеком
Домашни оператори
T-Mobile Македонија
Листа на информации од јавен карактер

Служби за корисници
Контакт центар: 122
171@telekom.mk

Телефонски именик
Именик на Македонски Телеком

ISO сертификати
ISO

IDIVIDI портал
idividi.com.mk

 
   
кон врвот правна напомена Кодекс за заштита на правото за лична приватност  
   
   
  Политика на приватност на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија © Македонски Телеком