Македонски Телеком - За компанијата - Компаниски профил
 

Компаниски профил

Како водечки национален оператор за електронски комуникации, Македонски Телеком АД-Скопје на своите корисници им нуди широк спектар на врвни телекомуникациски услуги и забавни содржини, и тоа во доменот на фиксната мрежа, широкопојасни услуги и интегрирани решенија, вклучувајќи и телевизија преку интернет протокол (IPTV). Во компаниското продуктно портфолио се услуги базирани на Интернет протокол, пренос на податоци, продажба и изнајмување на опрема и услуги за системска интеграција.

Обезбедувајќи иновативни услуги со врвен квалитет и ефикасност во сите области на делување, компанијата има клучно место и улога во осовременувањето и унапредувањето на телекомуникацискиот пазар во Република Македонија. Со развивањето на иновативни производи и услуги, компанијата го промовира личното и социјалното вмрежување меѓу луѓето во македонското општество, со што станува главен национален носител на изградбата на информатичкото општество во државата.

Дел од меѓународната групација Дојче Телеком

Од 2001 година, компанијата како член на групацијата Маѓар Телеком, станува дел од меѓународната групација Дојче Телеком. Со новата прилагодена бренд структура и постојано во чекор со најновите светски достигнувања од доменот на електронските комуникации, компанијата во континуитет е фокусирана на пресретнување на барањата и потребите на корисниците во модерното време, притоа секогаш користејќи ги најдобрите начини на работење на групацијата Дојче Телеком со цел максимални придобивки за корисниците.

Континуираниот развој на комуникациската мрежа на територијата на Република Македонија и воведување на нови телекомуникациски услуги и решенија е главниот фокус на компанијата. Во таа насока Македоснки Телеком ќе се движи и во 2009 година. Oд суштинска важност е имплементацијата на проектот „Оптика до домот“ што ќе овозможи изградба на значително побрза телекомуникациска мрежа, со брзини до 100 Mbps достапни во секој дом.

 
Пребарување

Берзански информации
Македонски Телеком АД Скопје

Линкови
Deutsche Telekom
Magyar Telekom

Годишен извештај
2008

Брз пристап до:
T-Home корисници
Деловни корисници
Домашни оператори
T-Mobile Македонија
Листа на информации од јавен карактер

Служби за корисници
Контакт центар: 171
171@telekom.mk
Техничка поддршка за корисници: 0800 12345

Телефонски именик
Именик на Македонски Телеком

MaxTV
MaxTV

IDIVIDI портал
idividi.com.mk

Клуб на пријатели
klub na prijateli
 
   
кон врвот правна напомена © Македонски Телеком