Македонски Телеком
 

Зголемен сообраќај и зголемени брзини по иста цена

22.08.2008

Почнувајќи од 1 септември 2008 год. се зголемува месечниот сообраќај кај сите MaxADSL пакети, како за постоечките, така и за новите корисници на MaxADSL-от.

Освен зголемувањето на сообраќајот, во текот на месец септември корисниците ќе имаат можност да ги почувствуваат и поволностите од неколкукратно зголемување на брзините кај сите MaxADSL пакети, а сето тоа по истата цена.

Зголемувањето на брзините и на месечниот сообраќај по истата цена важи и за приватните и за деловните корисници на MaxADSL пакетите.

Македонски Телеком АД и понатаму ќе продолжи да ги следи потребите на корисниците со воведување новитети на македонскиот пазар, а притоа задоволувајќи ги светските телекомуникациски стандарди за високо квалитетни услуги.

Прикажаните табели подолу ги објаснуваат карактеристиките на постоечките МаxADSL пакети, како и поволностите кои корисниците ќе ги добијат почнувајќи од септември, 2008 год.

По надминување на праговите на сообраќај, брзината на пристап се намалува на 64/64Kbps.
Месечните надоместоци и еднократните надоместоци, како и другите карактеристики на MaxADSL пакетите остануваат непроменети.

MaxADSL пакети за приватни корисници

Постојни MaxADSL пакети Модифицирани MaxADSL пакети
Пакет Месечен сообраќај Брзина на пристап Пакет Месечен сообраќај Брзина на пристап
MaxADSL 2 2 GB 1536/256Kbps MaxADSL 10 10 GB 4096/768Kbps
MaxADSL 10 10 GB 3072/512Kbps MaxADSL 25 25 GB 5120/768Kbps
MaxADSL 100 100 GB 4096/512Kbps MaxADSL 100 100 GB 6144/768Kbps

Промената важи за пакетите со опрема во сопственост на корисникот и со опрема во сопственост на Македонски Телеком.

Кај сите пакети по надминување на вклучениот месечен сообраќај брзината на пристап се намалува на 64/64Kbps, при што не се наплатува реализираниот дополнителен сообраќај. Вклучениот сообраќај кај MaxADSL 100 пакетот останува непроменет на 100 GB.

Месечните и еднократните надоместоци, како и другите карактеристики на MaxADSL пакетите остануваат непроменети.

MaxADSL пакети за деловни корисници

Постојни MaxADSL пакети Модифицирани MaxADSL пакети
Пакет Месечен сообраќај Брзина на пристап Пакет Месечен сообраќај Брзина на пристап
MaxADSL Pro 10 10 GB 3072/768Kbps MaxADSL Pro 25 25 GB 5120/1024Kbps
MaxADSL Pro 40 40 GB 4096/768Kbps MaxADSL Pro 50 50 GB 6144/1024Kbps
MaxADSL Pro 100 100 GB 6144/768Kbps MaxADSL Pro Flat Неограничен* 8192/1024Kbps

* Доколку месечниот сообраќај надмине 400GB, или во случај на злоупотреба, Македонски Телеком го задржува правото да ја намали брзината на пристап на 64/64Kbps.

Промената важи за пакетите со опрема во сопственост на корисникот и со опрема во сопственост на Македонски Телеком.

Брзината на пристап се намалува на 64/64Kbps и при надминувањето на вклучениот сообраќај кај сите останати пакети.

Месечните надоместоци и еднократните надоместоци, како и другите карактеристики на MaxADSL пакетите остануваат непроменети.

T-Home ви носи нови возбудливи можности за сурфање со екстра возбудливите MaxADSL пакети!


 
Пребарување

Берзански информации
Македонски Телеком АД Скопје

Линкови
Deutsche Telekom
Magyar Telekom

Годишен извештај
2008

Брз пристап до:
T-Home корисници
Деловни корисници
Домашни оператори
T-Mobile Македонија
Листа на информации од јавен карактер

Служби за корисници
Контакт центар: 171
171@telekom.mk
Техничка поддршка за корисници: 0800 12345

Телефонски именик
Именик на Македонски Телеком

MaxTV
MaxTV

IDIVIDI портал
idividi.com.mk

Клуб на пријатели
klub na prijateli
 
   
кон врвот правна напомена © Македонски Телеком