![]() |
| Македонски Телеком |
Уникатно фудбалско доживување со T-Mobile и T-Home09.06.2010За прв пат во Македонија, следете ги во живо натпреварите од Светското фудбалско првенство на MaxTV во HD, мобилен телефон и интернет
Корисниците на MaxTV коишто имаат ТВ уред со HD поддршка, како и преку ADSL на web.maxtv.mk, www.idividi.com.mk, www.t-home.mk на својот компјутер, ќе можат да ги следат натпреварите со кристално јасна слика за комплетно уживање и возбуда. Со цел да им овозможи на што е можно поголем број граѓани да ги следат возбудливите натпревари од Светското првенство во HD, T-Home ја продолжи својата промотивна понуда за сите нови корисници - 3 месеци гратис MaxTV. Корисниците на T-Mobile, кој е ексклузивен партнер на ФИФА, ќе уживаат во сите натпревари во рамките на Светското фудбалско првенство преку нивниот мобилен телефонски апарат за само 100 денари, со активирање на пакетот на бројот 1464, или за 1 денар по минута за стандарден мобилен пренос во живо. Корисниците ќе можат бесплатно да проверат дали нивниот телефонски апарат поддржува „пренос во живо“ на www.t-mobile.mk/tv. „Денес сме сведоци на воведувањето на последната иновација во телекомуникациите во Македонија. Македонија е прва во рамките на Групацијата ДТ во целиот свет! Секојдневно сè повеќе се приближуваме до големите и развиени пазари со воведување на последните иновации и трендови на нашиот пазар. А денес ние ги предводиме меѓународните трендови, воведувајќи уникатно и незаборавно доживување на натпреварите од Светското фудбалско првенство преку ТВ во HD, интернет и мобилен телефон. На сите оние кои не се во можност да ги следат натпреварите во Јужна Африка, T-Home и T-Mobile ќе им ги донесат доживувањата од Јужна Африка во Македонија“ - рече Николај Бекерс, Главен извршен директор на Македонски Телеком. Со цел доживувањето да им се приближи на што е можно повеќе љубители на фудбалот, T-Home и T-Mobile го организираат најмасовното јавно следење на фудбал во Македонија до сега. Фудбалските фанови ќе имаат можност во Градскиот парк во Скопје, да ги следат сите натпревари на отворено, да се забавуваат и да навиваат заеднички со своите пријатели.
T-Home и T-Mobile ја направија фудбалската треска уште повозбудлива со организирањето на наградни игри, во кои главните награди се Hyndai i30, Hyndai i20 и припејд пакети Sony Ericsson T715. Уживајте во Светското фудбалско првенство како никогаш досега и навивајте за вашиот фаворит! |
Пребарување
Берзански информации
Линкови
Годишен извештај
Брз пристап до:
Служби за корисници
Телефонски именик
MaxTV
IDIVIDI портал
Клуб на пријатели
|
||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||