![]() |
| Македонски Телеком |
Македoнски Телеком ќе исплати дивиденда за 2009 година02.07.2010Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје на денешното продолжение на прекинатата седница од 25.06.2010 година, ја усвои Oдлуката за исплата на дивиденда за 2009 година. Согласно Одлуката од Собранието, дивидендата за 2009 година е утврдена во вкупен бруто износ од 6.470.029.239,00 денари, односно бруто износ од 75,01 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој е вклучен данокот на добивка, персонален данок на доход и данокот по задршка, каде што е применливо на денот на исплата на дивидендата. Македонски Телеком АД – Скопје, согласно важечката регулатива на денот на исплата на дивидендата, од бруто износот на дивидендата по акција од 75,01 денари ќе задржи и плати: а) 10% данок на добивка и 10% персонален данок на доход во име на физичките лица; б) 10% данок на добивка и 10% данок по задршка (каде што е применливо) во име на странските правни лица. Право на дивиденда имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на ден 09.07.2010 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2009 година е 06.07.2010 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2009 година е 07.07.2010 година. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот од 12.07.2010 до 25.07.2010 година. |
Пребарување
Берзански информации
Линкови
Годишен извештај
Брз пристап до:
Служби за корисници
Телефонски именик
MaxTV
IDIVIDI портал
Клуб на пријатели
|
||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||