Македонски Телеком
 

Охридско лето

13.07.2010

Со настапот на светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, во придружба на Рускиот национален оркестар под диригентство на маестро Михаил Плетњов на сцената на Античкиот театар во Охрид беше отворено 50-то јубилејно издание на најпознатата музичко-сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“.

Ако се суди според оценката на познавачите на класичната музика, кои на 12 јули имаа привилегија да го следат перформансот, уште долго ќе остане запаметена изведбата на делата на познати руски комозитори - Четвртата симфонија на големиот Петар Илич Чајковски и Големиот концерт на Рахмањинов.

Спектаклот на свеченото отворање на Антички беше надополнето со сегменти од драмски претстави, во изведба на десет избрани македонски уметници, а во режија на познатите домашни режисери Иван Поповски и Зоја Бузалковска.

Јубилејното ретроспективно фестивалско издание во рамки на програмата нуди бројни настапи на домашни и на странски уметници, ансамбли, солисти, камерни состави, со театарски претстави и балетски изведби. Во 40-те фестивалски вечери од 12 јули до 20 август љубителите на уметноста ќе можат да проследат 25 концерти, 13 театарски претстави, една балетска претстава и еден оперски гала-концерт, изведувани на сцените на Античкиот театар, црквата „Св. Софија“, Долни сарај, „Св. Јован Канео“ и Центарот за култура „Глигор Прличев“, а ќе биде промовирана и Монографија.

Македонската министерка за култура Елизабета Канчевска – Милеска на церемонијата на отворањето порача: „Заеднички да го продолжиме ова петдецениско патување низ земјата на чудата, каде што сите ги разбираат сите, бидејќи зборуваат на најуниверзалниот јазик на светот - уметноста. Блескавите моменти на иднината Охридско лето се’ уште се пред нас.“ Македонски Телеком е особено горд на своето несебично, истрајно и долгогодишно другарување и сопатништво со „Охридско лето“.


 
Пребарување

Берзански информации
Македонски Телеком АД Скопје

Линкови
Deutsche Telekom
Magyar Telekom

Годишен извештај
2008

Брз пристап до:
T-Home корисници
Деловни корисници
Домашни оператори
T-Mobile Македонија
Листа на информации од јавен карактер

Служби за корисници
Контакт центар: 171
171@telekom.mk
Техничка поддршка за корисници: 0800 12345

Телефонски именик
Именик на Македонски Телеком

MaxTV
MaxTV

IDIVIDI портал
idividi.com.mk

Клуб на пријатели
klub na prijateli
 
   
кон врвот правна напомена © Македонски Телеком