Жарко Луковски

Печати

Преземи

Г-дин Жарко Луковски е Главен оперативен директор на Македонски Телеком, со важност од 1 јули 2015 година.

Луковски ја започна својата кариера во Македонски Телеком во ноември 2006 година кога станува Претседател на Одбор на директори на Македонски Телеком. Неговиот ангажман како Претседател на највисокиот орган за донесување одлуки на Македонски Телеком, како и неговото исклучително познавање на телекомуникациската индустрија го донесоа на позицијата Главен оперативен директор во 2007 година, а 3 години подоцна, во април 2010 година, тој стана Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Под негово раководство, беа реализирани голем број проекти кои ја променија индустријата во Македонија, а некои од нив се постојаното лидерство на пазарот во пост пејд и при пејд, воведувањето на 3G мрежа и само една година подоцна, воведување на иновативната Triple Screen услуга. Воведувањето на Fleet Management како единствена услуга на пазарот и подоцна воведувањето на 4G LTE мрежата, како и мобилното плаќање и партнерската програма за лојалност ја обележаа 2013 година. Неговите најнови успеси се воведувањето на FMC (quadruple-play) портфолиото и All-IP услугите во сегментот на мобилната телефонија. Cloud партнерската програма за македонските компании и иновативните M2M решенија како што се Smart City за јавното сообраќајно претпријатие, се најновите големи проекти со кои управувал г-динот Луковски.

Под раководство на г-дин Луковски, Т-Мобиле Македонија се разви во технолошки супериорна компанија во својот домен.

pageArea reserved, leave empty!!!