Koристење на поените

Доколку сте корисник само на фиксните услуги

Поените можете да ги искористите за земање продукт достапен во Мој клуб директно во продавниците на Телеком.

Доколку сте корисник на фиксните, мобилните и интегрираните услуги

1. Во продавниците на Телеком

Потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура како корисник на мобилните услуги, бројот на Вашата клупска картичка како корисник на фиксните услуги, шифрата на одбраниот подарок и Tелеком  продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога подарокот ќе биде достапен во продавницата, ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

2. Преку Контакт центарот на 122

Јавете се на 122 за да го нарачате производот. Притоа потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура од мобилните услуги, бројот на Вашата клупска картичка како корисник на фиксните услуги, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот од одбраната продавница во рок од 15 дена.

3. Преку Мој Телеком порталот

Одберете подарок според бројот на вашите Мој клуб поени во каталогот. Во моментот кога производот ќе биде достапен во Телеком продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот од одбраната продавница во рок од 15 дена.

pageArea reserved, leave empty!!!