Добивање поени

Новини

Почнувајќи од 01.01.2016 година, воведуваме новини во Мој клуб кои се однесуваат на делот за критериумите за добивање поени за приватните корисници на фиксни услуги на Македонски Телеком, кои ќе бидат прикажани во сметките за месец јануари.

Детали за новиот критериум

Приватните корисници на фиксни услуги на Македонски Телеком, добиваат поени според следниот критериум:

Критериум за добивање поени* Број на поени
За секои 100 денари на Вашата сметка 5

Временската важност на поените е 2 години од доделувањето, на месечно ниво. Користењето на поените е според времето кога биле доделени (првите добиени поени ќе бидат и први за користење).

За вкупниот износ на поени во месецот, како и за поените кои истекуваат следниот месец, ќе бидете известени во Вашата месечна сметка.

*Операторот го задржува правото да доделува дополнителни поени на корисниците.

pageArea reserved, leave empty!!!