Андреас Маиерхофер

Печати

Преземи

Андреас Маиерхофер е носител на високи извршни позиции во телекомуникациски компании со искуство во бизнисот за безжична и фиксна телефонија и со широки познавања во многу области на телекомуникациските компании почнувајќи од воведување, преку работење па се до интегрирање на телекомуникациски компании во различни земји.

Во февруари 2014 година тој стана Главен извршен директор на Македонски Телеком и Претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.

Од самото преземање на водечката позиција, во неговиот фокус беше спојувањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија. Од јули 2015 година, а по спроведувањето на програма за трансформација, Македонски Телеком на пазарот работи како конвергиран лидер под обединетиот Т бренд.

Г-дин Маиерхофер доаѓа во Македонија од позицијата на Главен извршен директор на Мобилтел, Бугарија, компанија која тој ја водел од 2009 до 2013 година. Под негово водство, Мобилтел стекна и интегрираше алтернативни фиксни оператори и се позиционираше како комплетно конвергиран телекомуникациски оператор на бугарскиот пазар. Нов идентитет, со воведување на нов бренд, беше логичен чекор за компанијата.

Во таа компанија, тој бил на позиција Главен директор за маркетинг од 2007 до 2009 година.

Во 2011/2012 година, бил Претседател на Надзорниот одбор на M-Networks.

Од 2004 до 2007 година работел во Si.mobil Словенија, на позицијата Главен оперативен директор од 2004 до 2006 година и на позицијата Главен извршен директор од 2006 до 2007 година.

Со воведувањето на нова стратегија на компанијата, вклучувајќи и стратешко партнерство со Водафон и раст во сите кориснички сегменти, тој направил пресврт во компанијата кој довел до постигнување на позитивни EBITDA и EBIT. По заминувањето од Si.mobil, имал мандат во Надзорниот одбор на Si.mobil во период од една година.

Во текот на својата успешна кариера која трае над 20 години, тој бил и Директор за кориснички услуги, Раководител на сектор за билинг и наплата, обезбедувал поддршка и надзор врз гринфилд активности во странство и бил сопственик на проект и менаџер одговорен за многу проекти во различни области и земји.

Покрај професионалното раководство, г-дин Маиерхофер е ангажиран во различни меѓународни деловни здруженија и е добитник на признанија и награди за Менаџер на годината во Бугарија за 2010 година, најдобар странски менаџер во Словенија во 2005 и 2006 година и плакета од Претседателот на Република Бугарија за исклучителен придонес кон развојот на бугарската економија.

pageArea reserved, leave empty!!!