Aпликација зa најевтин роминг

Отсега повикувањето и праќањето SMS на вашите пријатели кога сте во странство е многу полесно и поповолно, со бесплатната апликација за Најевтин роаминг.

Со нејзино преземање и активирање веќе ќе можете брзо и лесно да вртите дома, без внесување на префиксот *123* пред бројот кој го повикувате, како и да праќате SMS пораки по цена од само 9,9 денари!

Како до апликацијата?

Следете ги едноставните чекори:

Преземете ја апликацијата бесплатно преку:

  • Мое мени, со вртење на бесплатниот број *122#. Одберете 1 за мобилни услуги и потоа одберете Најевтин роаминг. Навигацијата низ Мое мение целосно бесплатна од дома и од странство.
  • Говорниот автомат на 122, во менито мобилни услуги се одбира Бесплатна апликација *123* или директно се врти на 141 511.
  • Преземањето на апликацијата е бесплатно.

Активирање на апликацијата

Активирајте ја апликацијата преку SIM менито на телефонот - во делот Најевтин роаминг, *123* и потоа одберете Активирај.

Активирањето е потребно само за остварување повици со Најевтин роамиг (не и за праќање SMS).

Упатство за начинот на активирање на апликацијата на различни модели на телефони

Користење на апликацијата

  • За да остварувате повици кон Македонија по тарифите за Најевтин роаминг, директно бирајте го бројот од контакт листата (именикот) на вашиот телефон исто како да сте дома или пак, внесете го бројот во формат 07ХХХХХХХ или 02ХХХХХХХ. Потоа на екранот од мобилниот ќе се појави порака „Повикување со *123*, по што ќе добиете повратен повик со вашиот број на екранот од мобилниот. Прифатете го повикот и зборувајте со Најевтин роаминг.
  • За да праќате SMS кон Македонија по тарифата за Најевтин роаминг, отворете го SIM
    менито, одберете Најевтин роаминг, па *123* SMS. Потоа, внесете го бројот кон кој сакате да пратите SMS, притиснете ОК и на крај внесете го текстот на пораката и повторно притиснете ОК. На крајот ќе добиете известување за статусот на пратената порака.
  • Со користење на апликацијата сите повици кон Македонија се наплаќаат по тарифите за Најевтин роаминг, а сите SMS пораки се наплаќаат по цена од 6 ден. со ДДВ.

Корисни информации:

  • Апликацијата е достапна за новите SIM картички. Доколку вашата SIM картичка не ја поддржува оваа апликација, заменете ја со нова во нашите продавници;
  • За остарување повици и праќање SMS во странство, потребно е да биде активна услугата Роаминг. Информации на порталот Мој Телеком, во менито Мои услуги или на 122;
  • Максималниот број на карактери за една SMS порака е 160 и може да се користат само латинични и стандардни интерпункциски знаци;
  • За да се користи апликацијата, потребно е во земјата на престој да е достапна услугата Најевтин роаминг со операторот чијашто мрежа ја користите. Доколку не можете да остварите повик/пратите SMS, сменете ја мрежата или деактивирајте ја апликацијата: преку SIM менито, во делот Најевтин роаминг *123*, одберете Деактивирај. Потоа за повици кон Македонија со најевтин роаминг бирајте со префикс *123*07ХХХХХХХ# или пак, користете  го стандардниот формат за бирање од странство +ХХХХХХХХХХХ, a за праќање SMS користете го стандардниот начин на праќање како од дома;
  • Со активирање на апликацијата за роаминг повици не можат да се остваруваат повици со Обичен роаминг (без префикс). Доколку сакате да бирате обичен роаминг, деактивирајте ја апликацијата според упатството погоре.
  • Со активирање на апликацијата, сѐ уште можете да праќате SMS на стандарден начин (без користење на апликацијата) кои се наплатуваат по нормална роаминг цена според тарифниот модел што го користите;
  • За бирање странски број во роаминг користете го стандардниот формат +ХХХ ХХХХХХХХ;
  • Можно е апликацијата да не функционира на одредени типови телефони.
pageArea reserved, leave empty!!!