Безжичен LAN

Безжичните компјутерски мрежи сe популарно решение за корпоративниот LAN во деловните единици. Обезбедуваат сигурен пристап до постојната мрежна архитектура со капацитети до 54 Mbit/s. Со тоа комуникацијата меѓу компјутерските единици, без кабли, ги намалува трошоците за мрежната инфраструктура и ја зголемува флексибилноста при работењето.

Мобилноста  и флексибилноста сe важни за вашиот бизнис!

Доколку работата на вработените е во движење, тогаш постојаната комуниција е битна за непрекинато течење на активностите.

Со примена на современите решенија за безжични локални компјутерски мрежи добивате поголема флексибилност, подвижност и меѓусебна поврзаност на вработените и клиентите. Се обезбедува лесен пристап до потребните информации во корпоративните мрежи, пристап на интернет или размена на податоци во различни точки, со што се зголемуваат флексибилноста, продуктивноста и ефикасноста во работењето.

Едноставно проширување

Безжичната локална компјутерска мрежа овозможува комуникација со останатата локална компјутерска мрежа без потреба од поврзување со кабли. На тој начин брзо и лесно се обезбедува проширување на постојната мрежа со нови конекции без интервенци во просторот. Ова решение овозможува пристап до мрежите во сали за состаноци и други деловни простори за сите на кои тоа им е потребно.

Технички карактеристики

Безжичните локални компјутерски мрежи се базираат на IEEE 802.11 b стандардот. Постојат две клучни компоненти: пристапна точка и мрежна картичка. Пристапната точка е поврзана со останатиот дел од мрежата преку Ethernet кабел, го трансформира сообраќајот во радио сигнали и го пренесува преку 2.4 GHz опсег со брзина до 54 Мbps. Сигналите се преземаат во лаптоп или десктоп компјутерите преку мрежна картичка за безжична мрежа.

Македонски Телеком во соработка со светски познатите призводители на опрема за вмрежување, овозможува целосно решение, почнувајќи од дизајн на безжичната мрежа согласно потребите на корисникот, инсталација, како и редовно одржување и сервисирање.

pageArea reserved, leave empty!!!