Професионална платформа за онлајн деловни состаноци

CISCO WEBEX

СОСТАНЕТЕ СЕ, КРЕИРАЈТЕ И СПОДЕЛУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ И ПАРТНЕРИ ДИГИТАЛНО ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ

Македонски Телеком, во соработка со Cisco, Ви ја претставува најбезбедната деловна платформа за видео конференции со Вашите тимови и деловни партнери преку интернет.

Што претставува Cisco Webex?

Cisco Webex e интегриранa аудио-видео платформа за соработка, која Ви овозможува организација на состаноци, презентации онлајн и едноставно споделување содржини.

Дизајнирана е за лесно користење преку кој било веб пребарувач на PC или од кој било ваш мобилен уред (лаптоп, смартфон или таблет), без дополнителен софтвер.

Во соработка со Cisco, Ви овозможивме тест период од 90 дена на Enterprise Webex функционалностите, без никакви дополнителни обврски.

ОРГАНИЗИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ОНЛАЈН ВЕДНАШ!

Контактирајте нѐ на 120 или на biznis.kontakt@telekom.mk

За кого е наменет?

Зошто ви е потребен?

Придобивки

СПЕЦИФИКАЦИЈА

Карактеристики Webex logo
Споделување текст / аудио / видео и екран check
Споделување документи и desktop check
Управување со документи, споделување и ажурирање фајлови check
Контрола за време на состаноците (додавање / chat / исклучување ) за индивидуални учесници check
Пристап до апликации од трети страни check
Дигитална табла check
API за интегрирање на апликации од трети страни check
Soft клиент за глас, видео, состаноци и пораки check
Способност за експорт на пораки за архива check
Мобилни апликации Cisco WebEx за Google Android и Apple IOS check
Складирање датотеки на Cisco Cloud (облак) 20 GB
Неограничени мрежни аудио и видео повици 200 учесници,
времетраење до 24 часа
Интегрирани апликации и услуги 10 апликации
Снимање состаноци на Cisco Cloud (облак) 10 GB
Интеграција со календар на Microsoft Outlook check

video icon Упатство за брзо фактурирање со Envoice

Прашања и одговори

За да организирате Cisco Webex состанок, неопходно е да ги имате следниве нешта: Cisco Webex host лиценца (обезбедена од Македонски Телеком), интернет конекција, веб пребарувач (Google Chrome, Internet Edge) или мобилна апликација (Android, IOS).

Кога организирате состанок преку на Cisco Webex во Classic View, имате пристап до сите опции што ви се достапни на вашата организација. Можете да започнете или да закажете состаноци едноставно, за неколку секунди.

Закажете состанок од вашата веб-страница: 1.Логирајте се на вашата Webex страница и одете на Webex Meetings; 2. Изберете Host a Meeting > Schedule a Meeting; 3. Сетирајте ги опциите за вашиот состанок и изберете Start (Почеток веднаш) или Schedule Meeting ( за состаноци во блиска иднина).
Можете да го користите Advanced Scheduler за да нагодите детални опции за Вашите состаноци.

Cisco link

Доколку имате Cisco Webex host акаунт, можете да организирате состаноци преку вашиот мобилен уред.

  1. Отворете ја вашата Webex Meetings апликација и упатете се кон My Meetings.
  2. Кликнете Schedule , и внесете информации за Вашиот состанок:
    • Meeting topic – Наслов на состанокот
    • Meeting date, start time, and duration – Датум, почеток и времетраење
    • Meeting password – Лозинка за пристап
    • Invitees- учесници на состанокот кои можете да ги одберете од вашиот уред или мануелно да ги внесете со информација за нивните е-адреси.
  3. Кликнете Schedule за да го закажете вашиот состанок. Ако вашиот состанок започнува за 15 минути, можете веднаш да го започнете преку Start


    Cisco линк

Webex Meetings овозможуваат блиска соработка за лице в лице виртуелно, со флексибилни аудио опции, видео конференција и споделување екран на кој било уред.

Webex Teams исто така обезбедуваат аудио и видео конференција со споделување на екранот на кој било уред, плус ви дава можност за дополнителни опции како што се: групни пораки, лесно споделување фајлови и дигитална табла.

Cisco линк

Ако имате нестабилен проток на Интернет, тоа може да влијае на вашето Webex искуство. Еве неколку совети кои ќе придонесат кон подобрување:

  • Доколку немате добрa безжична WiFi покриеност, можно е да имате понизок видео квалитет на вашата конференција. Подобро е да ја исклучите веб-камерата, користете само аудио или споделете ја содржината пред повикот;
  • Исклучете ги сите непотребни апликации на вашиот компјутер или мобилен уред: аудио и видео протокот се натпреварува за истите Интернет ресурси и ќе влијаат на квалитетот на вашата видео конференција;
  • Webex може да работи надвор од вашиот VPN: исклучувањето на VPN за Webex може да доведе до подобро искуство за аудио, видео конференција.
  • Invitees- учесници на состанокот кои можете да ги одберете од вашиот уред или мануелно да ги внесете со информација за нивните е-адреси.
Cisco линк

Телеком во соработка со Cisco, Ви нуди широка палета на производи која може да го подобри Вашето Webex искуство за повеќе учесници. Опремата користи најнова технологија за дигитална трансформација на Вашата Webex конференциска сала: покриеност со повеќе камери, опременост со 4К,8К резолуција екрани (55 – 80”), моќен звук, touch контролер.

Cisco линк

Можете да снимате состаноци за луѓе кои не можат да присуствуваат или за оние кои сакаат да се осврнат на она што било дискутирано за времe на Cisco Webex состанокот. Вашите снимки можат да бидат зачувани на Cisco облакот или на вашиот компјутер како локална снимка.

Cisco линк

Сите дополнителни информации ќе ги добиете на нашиот контакт телефон 120 или преку biznis.kontakt@telekom.mk

Телеком во соработка со Cisco обезбеди 90 дена пробен период на услугата, за која немате дополнителни обврски за нејзино продолжување.