
ПАМЕТНОТО СТАНУВА УШТЕ ПОПАМЕТНО
Сега достапно зa T PHONE 3 & T TABLET 2
T Phone 3 и T Tablet 2 се вашите идеални AI придружници — попаметни, побрзи и секогаш подготвени за вас. Двата уреди имаат интегриран Perplexity Асистент, веднаш достапен преку Magenta AI копчето на заклучениот екран. Алтернативно, двапати кликнете кликнете го копчето за вклучување за брз пристап или поставете го Perplexity како стандарден асистент и држете го копчето за вклучување подолго.
Со гласовни команди можете да креирате персонализирани планови за тренинг или да добиете инстант одговори за сè што е на вашиот екран — од цени и математички решенија до секојдневни прашања. Активирајте ја камерата за помош во реално време — без разлика дали сакате да претворите разни состојки во оброк или барате нова омилена книга. Кога Perplexity Асистентот е поставен како стандарден, отклучувате напредни функции за контекст на екранот: едноставно заокружете што гледате и веднаш подлабоко истражете ја секоја тема.
Покажете. Дознајте. Вашиот асистент знае што ви треба.
Насочете ја камерата кон неколку состојки во вашиот фрижидер и дозволете му на T Phone 3 да ви предложи рецепти. Или нарачajте онлајн што ви недостасува. Немате план? Нема проблем. Брзи и визуелни одговори во реално време.
Заокружете, нацртајте или напишете за да прашате
Ви треба тутор по математика кој нема да превртува со очите? Само напишете ја задачата. Само напишете математички проблем рачно на вашиот T Tablet 2, и вашиот AI асистент ќе го реши веднаш — со детално објаснување на чекорите за учениците да научат и разберат, а не само да добијат одговор. Како да имате паметен тутор секогаш при рака. Заокружете што било на екранот — како облека, знаменитост или непознат збор — и добијте инстант одговори без да копирате, лепите или менувате апликации.
Ваш личен џебен тренер, кој го контролирате со вашиот глас.
Вашето фитнес патување, ваши правила. Сè што треба е да прашате. Тренирате во парк и размислувате за некои брзи вежби во движење? Само прашајте го вашиот T Phone 3 и веднаш добијте паметен план за тренинг – без потреба од тешка опрема. Ви треба мотивација за време на тренинг? Само кажете. Како да имате тренер, навивач и планер — сè во едно, секогаш со вас.
Раскинавте? Отстранете ги бившите.
Оживејте ги спомените со Picsart AI Magic!
Со Picsart Camera AI алатките вградени директно во вашиот T Phone 3, чистењето на фотографиите е полесно од чистењето на љубовниот живот. Штотуку раскинавте? Нема проблем — AI Replace ви овозможува да го/ја отстраните бившиот/бившата од сликата на плажа како никогаш да не биле таму. Заменете ја позадината со AI Background и правете се дека сте биле сами во Париз.
Сакате драма?
Сакате драма? Претворете се во принцеза воин или вселенски пират со AI Avatar — затоа што вашиот glow-up заслужува свое фан-арт дело. А што е најдоброто? Добивате Picsart Pro бесплатно 3 месеци, па слободно изразувајте се. Сте раскинале, направете glow up и уредувајте како професионалец – без жалење, само одлични фотографии.
Премиум AI алатки Целосно интегрирани. Без дополнителни трошоци.
18 месеци
Како ексклузивна понуда, корисниците на T Phone 3 и T Tablet 2 можат да уживаат во премиум пребарувања, AI-генерирање слики, моќна анализа на датотеки и пристап до разни паметни AI модели — сè дизајнирано за да ви го олесни и забрза секојдневието. Доживејте непречено, напредно AI искуство, целосно без дополнителен надомест.
3 месеци

Со Picsart Camera AI алатките вградени во камерата на T Phone 3, можете да ги претворите секојдневните фотографии во импресивни AI креации: а во текот на првите 3 месеци, T Phone 3 корисниците ќе уживаат во Picsart Pro – без дополнителен надомест! Креирајте AI аватари, менувајте позадини и уредувајте фотографии за неколку секунди.

Пристапни перформанси.
Со моќен Snapdragon 6 Gen 3 процесор, брзо полнење и флуиден 120Hz дисплеј, T Phone 3 нуди брзина, стил и сигурност по изненадувачка цена. Вградениот AI Асистент овозможен од Perplexity е подготвен да помогне — без апликации, без подесување, само одговори.
Паметната креативност започнува тука.
Правете јасни, стабилни снимки со 50 MP двоен систем на камери и OIS и правете поостри селфиња со подобрената предна леќа. Вградените Picsart AI алатки ви овозможуваат да ги исчистите, преработите или повторно осмислите вашите фотографии директно во апликацијата на камерата — без потреба од дополнителни апликации. Picsart Pro е вклучен во првите 3 месеци, што ви дава целосен пристап до моќни функции за уредување без дополнителни трошоци.

Фатете го моментот. Без тресење.
Со оптичка стабилизација на слика вградена во двојната камера од 50 MP, T Phone 3 ви помага да правите јасни, стабилни снимки — дури и во движење. Кажете им збогум на замаглените моменти и добредојде на фини, детални фотографии во каква било светлина.

25 W
Брзо полнење
5000 mAh
Батерија што трае

Енергија што трае.
Со батерија со голем капацитет од 5000 mAh и брзо полнење од 25 W, T Phone 3 е создаден да ви биде сојузник цел ден. Без разлика дали играте видео игри, гледате видеа или правите видео повици, можете да сметате на постојана, непрекината енергија — без постојана потрага по полнач.
Одржливи перформанси
T Phone 3 продолжува да ги исполнува стандардите во индустријата поставени од претходната генерација, докажувајќи дека одржливоста може да се постигне без да се прават отстапки во перформансите и достапноста.
Креативност продуктивност во движење.
Останете продуктивни и инспирирани во движење со вградената AI помош овозможена од Perplexity — секогаш подготвена да помогне, без потреба од апликации. Со моќен процесор, долготрајна батерија и брзо полнење, T Tablet 2 е совршен спој на перформанси, преносливост и паметни функции.


Искуство како да пишувате на хартија.
NXTPAPER анти-рефлексниот екран нуди јасен приказ пријатен за очите — дури и на сонце. Со 3-во-1 VersaView режими на дисплеј, лесно можете да го приспособите екранот според вашата задача — без разлика дали читате, гледате или креирате. Автоматски ја прилагодува осветленоста и температурата на бојата според околината, овозможувајќи природно и удобно гледање секогаш и секаде.
Екран којшто се приспособува на вашите потреби.
Благодарение на 3-во-1 VersaView режимите, екранот интелигентно се прилагодува на тоа како работите, гледате или читате — така секогаш добивате најдобар можен приказ.

Стандарден режим
Традиционално искуство со пријатен дијапазон бои за филмови, стриминг и видео повици.

Color paper
Сеопфатна удобност за очите при читање стрипови, манга и списанија.

Ink paper
Го претвора екранот во екран налик на електронски читач за читање долги документи, статии и книги со подобрен e-ink ефект.
Совршено пренослив Блескав секаде.
Дизајниран за живот во движење, T Tablet 2 нуди непречено искуство каде и да одите. Уживајте во екран налик на хартија со напредна анти-рефлексна технологија што ја задржува острината на сликата и значително ја намалува рефлексијата, дури и на сонце. Екранот автоматски ја приспособува осветленоста и температурата на бојата според околината, нудејќи удобност за очите дење и ноќе, од кој било агол.
Паметна, вградена грижа за очите.
T Tablet 2 го штити вашиот вид со вграден асистент за грижа за очите. Испраќа нежни потсетници да правите паузи и нуди корисни совети за намалување на напрегањето на очите. Одржувајте здрави навики при гледање во екран за долготрајна удобност за очите. Овозможено од TCL NXTPAPER.
Намалете ги емисиите. Не и перформансите.
Кружноста е клучна за намалување на отпадот и потрошувачката на ресурси. Но тоа не се однесува само на рециклирањето, туку и на повторната употреба на рециклираните материјали. T Tablet 2 е одличен пример со заден капак направен од 75% рециклирана пластика од потрошувачи.
Пронајдете го вистинскиот уред за вас.
Споредба на карактеристики


T PHONE 3
Купете сегаT TABLET 2
Купете сегаFHD+ 120Hz
Однос екран-тело: 88,3%
FHD 60Hz
NXTPAPER
Предна камера: 13 MP
Предна камера: 8 MP
25W брзо полнење
15W брзо полнење
до 2TB Micro SD картичка
до 2TB Micro SD картичка
Често поставувани прашања.
T Phone 3 и T Tablet 2 може да се полнат со кој било мрежен адаптер со USB-C приклучок.
Прво, обидете се да го исклучите мрежниот адаптер и повторно да го поврзете. Обидете се со друг мрежен адаптер ако исклучувањето не помага.
Камерата на T Phone 3 поддржува ноќен режим, режим на видео, режим на фотографија, режим на портрет, професионален режим, режим на бавно движење, макро режим, режим на подвижна забрзана снимка (hyperlapse), режим на панорама и режим на Google lens. Дополнително, поддржани се и Picsart Camera AI tools (AI Avatar, AI Background и AI Replace). Главната камера исто така ја има функцијата за оптичка стабилизација на слика (Optical Image Stabilisation (OIS)) и 10x дигитален зум. T Tablet 2 поддржува режим на видео, режим на фотографија, режим на панорама, Stop-Motion, Google Lens. Камерата поддржува 4x дигитален зум.
Кај T Phone 3, големината на сензорот на главната камера е 1/ 2.76'', а големината на пикселите на сензорот е 0.64um. Кај T Tablet 2, големината на сензорот на главната камера е 1/4'', а големината на пикселите на сензорот е 1,12um.
T Phone 3 и T Tablet 2 поддржуваат функција за двојна SIM картичка со една eSIM и една физичка SIM картичка. Има еден држач за SIM картичка со слот за физичка SIM картичка и слот за Micro SD картичка.
Да, T Phone 3 и T Tablet 2 поддржуваат eSIM.
Не, со T Tablet 2 не може да се прават телефонски повици (освен ако не се користи апликација како WhatsApp).
Грижата за сервис на вашиот T Phone 3 / T Tablet 2 ја доверуваме на нашиот партнер Промотел Доо-Скопје со адреса Борис Трајковски бр. 72. Тел Контакт 02/3130493 и е- адреса service@promotel.com.mk. Работно време секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Податоците се чувааат на Perplexity облак во САД. Во Terms & Conditions (Услови), корисникот го избира следново.
1) Овозможете Гласнова контрола преку Поставки -> Пристапност -> Говорен пристап
Во нашите продажни канали можете да набавите по повoлна цена додатоци и од брендот Т, како што се: футроли со заштитно стакло за телефони, футрола за таблетот
3-во-1 VersaView екранот, овозможен од технологијата TCL NXTPAPER, е дизајниран за јасност на отворено, удобност без отсјај и адаптивна температура и осветленост на боите што се прилагодува на околината.
Корисниците можат да бираат помеѓу трите UI режими за оптимален опсег на бои и степен на осветленост со внимателно избалансирана заштита на очите:
- Ink paper: Го претвора екранот во екран налик на електронски читач за читање долги документи, статии и книги со подобрен e-ink ефект.
- Color paper: Сеопфатна удобност за очите при читање стрипови, манга и списанија.
- Стандарден режим: Традиционално искуство со пријатен дијапазон бои за филмови, стриминг и видео повици.
Префрлањето помеѓу трите TCL NXTPAPER режими на екранот е лесно достапно во менито за брзи поставки на T Tablet 2. Копчето за префрлање е истакнато поставено како прв објект во менито за брзи поставки. За да го отворите менито за брзи поставки, едноставно поминете со прстот од горе надолу на екранот на T Tablet 2.
Perplexity Assistant е постојан, вграден AI асистент кој е однапред инсталиран на T Phone 3 и T Tablet 2 : не е потребно дополнително преземање или поставување. Дизајниран е да нуди брза и интелигентна помош за вашите секојдневни прашања и задачи.
Асистентот лесно се активира со:
- Двојно притискање на копчето за вклучување
- Или допирање на копчето Magenta AI на екранот за заклучување
За да ги отклучите целосните можности на асистентот — вклучувајќи пребарување според контекст на екранот и draw-to-highlight — поставете го Perplexity како ваш стандардeн асистент во поставките на уредот.
Забелешка: Откако ќе го поставите Perplexity како стандарден асистент, ќе го активирате со долго притискање на копчето за вклучување. Со двојно притискање се отвора камерата.
Perplexity Assistant поддржува повеќе методи за внес:
- Изговорете го вашето барање
- Напишете го вашето прашање
- Користете ја камерата за да покажете нешто
- Цртајте на екранот за да го истакнете она за кое сакате да дознаете повеќе
Може да го користите за:
- Откривање места и информации околу вас
- Решавање проблеми во движење
- Добивање брзи и точни одговори
- Визуелно истражување на светот — само заокружете што гледате и дознајте повеќе
Google Gemini е стандардниот асистент на T Phone 3 и T Tablet 2, но може да се премине на Perplexity на еден од следниве начини:
Одете во Поставки > Апликации > Стандардни апликации > Апликација за дигитален асистент > Стандардна апликација за дигитален асистент и изберете го Perplexity како стандарден асистент.
Или преку апликацијата Perplexity:
- Отворете ја апликацијата Perplexity
- Кликнете на иконата со човек на горната лева страна
- Кликнете на „Enable assistant“ (Овозможи асистент)
- Кликнете на „Default digital assistant app“ (Стандардна апликација за дигитален асистент)
- Изберете „Perplexity“
Откако ќе го промените стандардниот асистент во Perplexity, можете да го стартувате Perplexity со долго притискање на копчето за вклучување или преку копчето Magenta AI на екранот за заклучување. Со двојно притискање на копчето за вклучување се активира камерата.
Perplexity Assistant функционира независно од Perplexity Pro лиценцата – нема временско ограничување и ќе остане трајно на уредот, освен ако корисникот не одлучи да го отстрани.
Да, потребно е да ја имате апликацијата Perplexity на уредите но не мора посебно да ја отворате или да креирате сметка на неа за да го користите Perplexity Assistant.
По истекот на 18 месеци од користењето на Perpelxity Pro, лиценцата автоматски завршува и корисникот има можност да ја продолжи претплатата. Понудата не се обновува автоматски.
По истекот на 18 месеци од користењето на Perpelxity Pro, лиценцата автоматски завршува и корисникот има можност да ја продолжи претплатата. Понудата не се обновува автоматски.
Ако имате прашања во врска со Perplexity Pro понудата, можете директно да се обратите до Кориснички услуги на Perplexity преку:
- е-маил до: support@perplexity.ai
- или посетете го нивниот центар за помош: https://www.perplexity.ai/help-center/en
Пристапот и користењето на бесплатниот пробен период е предмет на условите на нашиот партнер. Доколку го вратите купениот уред, нашиот партнер може да го прекине вашиот бесплатен пробен период.
По истекот на 18 месеци од користењето на Perpelxity Pro, лиценцата автоматски завршува и корисникот има можност да ја продолжи претплатата. Понудата не се обновува автоматски.
Претплата е директна помеѓу корисникот и Picsart, па искуството може малку да се разликува во зависност од нивната поставеност. Меѓутоа, Picsart обично ги информира корисниците преку е-маил или известувања во апликацијата пред крајот на 3-месечниот Pro период. Нема автоматско обновување – доколку корисникот не преземе ништо, Pro претплатата ќе истече без дополнителни надоместоци.
Дури и по завршувањето на 3-месечната претплата за Picsart Pro , корисниците на T Phone 3 можат да продолжат да ги користат AI алатките — AI Avatar, AI Background и AI Replace — директно од AI Tools делот на апликацијата на камерата.
Меѓутоа, овие функции зависат од Picsart AI кредитите, па по завршувањето на Pro периодот, корисниците ќе треба да:
- ги користат 5-те бесплатни AI credits неделно вклучени во Picsart Free пакетот
- или да купат дополнителни кредити доколку сакаат почесто да ги користат алатките
Линковите во апликацијата на камерата остануваат активни, и со притискање на нив апликацијата Picsart ќе се отвори за да се заврши процесот.
Дополнително, корисниците можат и понатаму да пристапат до стандардната Picsart Free функционалност , која вклучува:
- Основни алатки за уредување фотографии (сечење, промена на димензии, ротирање, филтри, итн.)
- Избор на бесплатни слики, стикери и шаблони
- Основни AI алатки
- Минимален простор за складирање
- Реклами во рамките на апликацијата
Забелешка: Со Pro претплата, некои функции не трошат кредити, но кога претплатата ќе заврши, повторно ќе бидат потребни кредити. За најнови информации, видете ја апликацијата Picsart.
Кредитите може да се користат за пристап до „Pro“ функциите на Picsart. Еве неколку примери:
- 1 кредит = 1 генерирање за AI Sticker Generator
- 2 кредити = 1 генерирање за: AI Logo Generator, AI Filters, AI Writer, AI Text to Image, AI Expand, AI Replace, AI Mockup Generator, AI Assets Genie
- 4 кредити = 1 генерирање за: AI Background, AI Video Filters, GPT Image Generator
- 20 кредити = 1 генерирање за AI Avatars
- 50+ кредити = 1 генерирање за AI Video Avatar
За повеќе опции, видете ја апликацијата Picsart.
1 кредит = 1 генерирање за AI Sticker Generator.
2 кредити = 1 генерирање за: AI Logo Generator, AI Filters, AI Writer, AI Text to Image, AI Expand, AI Replace, AI Mockup Generator, AI Assets Genie.
4 кредити = 1 генерирање за: AI Background, AI Video Filters, GPT Image Generator.
20 кредити = 1 генерирање за AI Avatars.
50+ кредити = 1 генерирање за AI Video Avatar.
Доколку имате прашања за понудата Picsart Pro, можете директно да контактирате со Picsart Support преку нивниот Центар за поддршка, каде што ќе најдете корисни статии, образец за контакт и опција за чет во живо: https://support.picsart.com/hc/en-us
Пристапот и користењето на бесплатниот пробен период е предмет на условите на нашиот партнер. Доколку го вратите купениот уред, нашиот партнер може да го прекине вашиот бесплатен пробен период.