Да направиме место за свет без омраза

Почетокот на учебната година не треба да биде
и почеток на омразата.

Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.

Денес во Македонија, секое трето дете се соочува со некаква форма
на врсничко насилство. Врсничкото насилство не завршува со училишното ѕвонче.
Тоа продолжува преку пораки, групни разговори и социјални мрежи,
каде што навредите, заканите и понижувањата можат да стигнат
до многу поголема публика.

Секое снимање, споделување или коментирање може
дополнително да го поттикне насилството.

Ние веруваме во интернет без омраза

Дигиталниот свет треба да биде место каде луѓето се поврзуваат, учат и растат, а не простор каде владее
омраза и насилство.

Затоа инвестираме во едукација, превенција и алатки што им помагаат на младите и семејствата побезбедно
да се движат низ дигиталниот свет.

Телеком и МНО

SAFE FAMILY

Едно решение за безбедноста на сите
ваши најблиски

6 месеци без надомест

Safe Family е комплетно решение за безбедност на целото семејство – следете ја локацијата, добивајте известувања и останете поврзани со најблиските преку Safe Family апликацијата и уред по ваш избор: Kids Watch, Pet Tracker или смартфон.

Safe Family апликацијата им помага на родителите и децата да останат поврзани и да се чувствуваат побезбедно.

Овозможува споделување локација со согласност на членовите на семејството, креирање безбедни зони како дом или училиште, автоматски известувања при пристигнување или напуштање на локација, како и SOS функција за брзо испраќање сигнал за помош до избрани контакти.

Без разлика дали детето користи паметен телефон или Kids Smartwatch GOAT часовник, Safe Family е дополнителна поддршка што им овозможува на децата поголема самостојност, а на родителите поголемо чувство на сигурност.

Safe Family App

Повеќе слобода за децата. Помалку грижа за вас.

Нашите иницијативи

Создавањето побезбеден дигитален простор е наша долгорочна заложба. Преку кампањи, партнерства и едукативни иницијативи континуирано работиме на подигање на свеста и превенција од врсничко и онлајн насилство.

Во рамки на кампањата „Свет без омраза“, соработуваме со Министерството за образование, создавајќи побезбедна средина за секое дете, онлајн и офлајн.

Фондацијата Телеком за Македонија, во партнерство со УНИЦЕФ, активно ги вклучува младите во создавањето интернет без омраза преку националното младинско движење „Нет без хејт“.

Safe Family No Hate