Disaster recovery решенија

Информатичките системи и податоците кои деловните субјекти ги користат во секојдневното работење се најчесто од критична важност и мора да бидат постојано достапни. Дефект на системот и недостапноста на податоците можат сериозно да го загрозат или онеспособат деловното работење и притоа да предизвикаат значителна материјална и финансиска штета.

Целта на решенијата за опоравување од катастрофи (disaster recovery) и воопшто планирањето на континуитет во работењето, е да се гарантира достапност на податоците и процесите на компанијата во секое време и од секое потребно место. Имплементацијата на соодветно решение за таква намена претставува проект во кој мора да се почитуваат соодветни регулативни и технички норми и стандарди.

Како компанија со повеќегодишно успешно искуство во управување со процеси на непрекинати деловни комуникации, анализа и реализација на процеси, нудиме комплетни решенија, вклучувајќи консултантски услуги, дизајн, имплементација и одржување, како и соодветна опрема (хардвер/софтвер) и мрежно поврзување. Со тоа овозможуваме деловните корисници да ги консолидираат своите податочни центри, да ги намалат трошоците за администрирање и одржување, а притоа да поседуваат надежен систем, отпорен на испади и голема брзина на опоравување.

pageArea reserved, leave empty!!!