Со исклучок на овластувањата за кои со Законот за трговски друштва и со Статутот изречно е определено дека ги врши Одборот на директори или Собранието, избраните Извршни членови на Одборот на директори како Главен извршен директор и Главен оперативен директор на Друштвото го водат и се одговорни за работењето на Друштвото и имаат најшироки овластувања да ги вршат сите работи сврзани со раководењето, примената на законите и другите прописи, извршувањето на секојдневните активности на Друштвото и да дејствуваат во сите околности во името на Друштвото, во рамките на ограничувањата утврдени од страна на Одборот на директори или Статутот.

  • Одборот на директори ги именува и разрешува Главниот извршен директор и Главниот оперативен директор на Македонски Телеком АД - Скопје кои се извршни членови на Одборот на директори.
  • Правата и обврските на Главниот извршен директор и Главниот оперативен директор, во согласност со Законот за трговски друштва, се регулирани во Статутот на Македонски Телеком АД - Скопје.

Годишни извештаи

Годишен извештај за 2015

Контакт

Сектор за корпоративни финансии

E-адреса:IR@telekom.mk

Aдреса:
Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија

pageArea reserved, leave empty!!!