Говорна пошта

Месечно
34,22 ден.
Цената е со вклучен ДДВ.

Опис

Услуга овозможува да примате говорни пораки на вашата телефонска линија без телефонска секретарка. Пораките освен во говорното сандаче можете истовремено да ги добивате и на e-mail. Во прилог на еmail-от ќе ја добиете и говорната порака која можете да ја преслушате. Услугата овозможува снимање на поздравна порака до оние кои ве бараат, со времетраење до 30 секунди.

Откако услугата ќе биде вклучена од страна на Македонски Телеком, со внесување на двата кода, можете и сами да ја деактивирате или да ја активирате.

  • Активирање на сандачето кога линијата е зафатена: * 68 #
  • Деактивирање:   # 68 #
  • Активирање на сандачето кога не одговарате на повикот: * 62 #
  • Деактивирање:   # 62 #

Говорното сандаче собира најмногу 10 пораки, со должина на една порака до 45 секунди. Системот известува ако некое од ограничувањата е надминато, и во тој случај треба  да се избришат дел од пораките со цел да се ослободи место за нови. Непреслушаните пораки во сандачето се чуваат 7 дена.

Како ќе знаете дека имате нова порака

Кога ќе ја кренете слушалката, ако наместо вообичаениот тон кој го слушате кога сакате да се јавите се активира специјален тон, тоа значи дека сте добиле нова порака во говорното сандаче. Овој тон не ве попречува нормално да телефонирате. Доколку сакате овој тон да се промени во вообичаениот тон за бирање, по преслушувањето, новата порака мора да ја снимите или избришете. Само со преслушување на пораката специјалниот тон нема да се промени.

Како да ги преслушате добиените пораки

Добиените пораки можете да си ги преслушате од сопствениот телефон бесплатно, со вртење на бројот 1210. За преслушување на пораките од сопствениот телефон не треба лозинка.

Ако сте излезени и добиените пораки сакате да ги слушнете од друг телефон, треба да го изберете бројот 1211 па потоа вашиот телефонски број заедно со кодот на градот, и да внесете лозинка (системската лозинка е 1234, која можете да ја замените со лозинка до 7 цифри).

За преслушување на пораките од мобилен или од меѓународен број треба да го изберете вашиот телефонски број и, откако ќе се вклучи Говорната пошта, да го притиснете копчето #  и да внесете лозинка.

Преслушувањето на пораките од друга мрежа се наплаќа како повик од таа мрежа кон дадениот број.

По преслушувањето на новата порака,  ги имате следните можности:

  • 1 за повторно преслушување на пораката,
  • 4 за снимање, по што одите на преслушување на следната порака,
  • 5 за бришење на пораката, по што одите на следната порака,
  • 6 за да се префрлите на следната порака,
  • 9 за да излезете од системот на Говорната пошта.

За персонализирање на услугата, по вртење на бројот 1210 (или 1211), притиснете копчето #, па копчето 3, по што системот ќе ве упати понатаму:

  • 1 за да снимите ваша лична поздравна порака (обраќање),
  • 2 за да снимите ваш говорен потпис со должина до 5 секунди, кој ќе го користите за идентификација,
  • 4 за промена на вашата лозинка.

Цени

Услугата чини 34,22 денари/месечно.

Пораките се оставаат после звучниот сигнал, и тарифирањето започнува после звучниот сигнал.

Преслушувањето на пораките е бесплатно, а преслушувањето од друг телефон чини 2,36 денари по повик.

Оставањето Директна говорна порака, без воопшто да ѕвони телефонот, чини 2,36 денари по повик во нормална тарифа и 1,18 денар во евтина тарифа.

pageArea reserved, leave empty!!!