HBO ПАКЕТ

354
денари месечно

551

HBO е најпознатата светска филмска програма. Секој месец уживајте во повеќе од 180 наслови, ексклузивни премиери на блокбастери, наградувани мегапопуларни серии, концерти, ексклузивни настани и контроверзни документарци. Програмата се емитува 24 часа на ден и на тој начин сите најважни HBO оригинални серии се достапни истовремено со американската премиера. Сите содржини се со врвен квалитет, со македонски превод и без реклами.

552

На HBO 2 можете да следите широк избор на програмски содржини за целото семејство. Во текот на денот, најмладите ќе уживаат во семејни филмови и детски содржини, додека во вечерните часови на распоредот се комедии, трилери, акциони и драмски наслови за сечиј вкус.

553

Уживајте во култните серии кои го редефинираа жанрот и станаа дел од културата и заедно со милиони гледачи следете ги новите серии препознатливи по HBO квалитетот и посебност. Освен најбараните хитови од американската HBO продукција, овој канал донесува и популарни серии на други студија, како и серии од HBO Europe продукцијата. Програмата е дополнета и со внимателно одбрани филмски наслови кои се прикажуваат во текот на денот или во доцните вечерни часови.


24-часовно неограничено изнајмување на филмски хитови, серии, концерти со кристално чиста слика и македонски превод. Изнајмувањето е бесплатно во рамки на пакетот, а надополнувањето и промените на содржините е неделно.


Со HBO Max добивате уште подобро корисничко искуство и збогатени содржини. Гледајте ги најдобрите филмови, најпознатите серии, документарни филмови, концерти и култни HBO серии достапни за следење преку вашите уреди, паметни телефони, таблети и Smart TV уреди, кога било, каде било и колку пати и да посакате.

Активирање HBO Max

На вашиот паметен телефон или таблет ја инсталирате мобилната апликација HBO Max. HBO Max за Android уреди е достапна за преземање во Google Play Store, а за iOS уреди во App Store.

Преку вашиот компјутер пристапувате на www.hbomax.com. Потребно е компјутерот да биде поврзан на интернет и да имате инсталирано интернет пребарувач.

Доколку немате активен HBO пакет на вашиот MaxTV, потребно е најпрво да активирате HBO на MaxTV преку Мени >ТВ пакети, на Мој Телеком или со повик во Контакт центарот на 122.

Регистрирајте се на мобилната апликација HBO Max или www.hbomax.com:

  • − Одберете регистрација преку операторот Македонски Телеком.
  • − Доколку сте корисник на фиксни услуги (на пр. 3 Max), внесете фиксен број (на пр. 023333333) или претплатничка ознака (пр. L1111111) и број на конто (од вашата сметка).
  • − Доколку сте корисник на Magenta 1, внесете мобилен број (пр. 070999999) во комбинација со матичен број или 6-цифрен број од SIM картичка.
  • − По успешната регистрација, се најавувате и можете да започнете со користење HBO Max.

Мобилната апликација HBO Max е поддржана на следните Smart TV уреди: Apple TV 4K, Apple TV HD, Android TV со Android OS 5 или понов Chromecast, Samsung TV (2016 год. или понов модел) и LG Smart TV со webOS 3.5 или понов.

Доколку користите HBO Max преку паметен телефон и мобилна мрежа, имајте предвид дека интернет сообраќајот вклучен во вашата мобилна тарифа подлежи на трошење.

Активирање на пакетот

За сите корисници, кои првпат го активираат HBO пакетот, првиот месец е бесплатен.
Активирањето се врши со далечинскиот управувач преку Мени >ТВ канали >MaxTV пакети, преку веб на Мој Телеком, со повик во Контакт центарот на 122 или во Телеком продавниците.
Месечно: 354 ден.

Десктоп верзија