iPhone XR

Брилијантен.
Во секоја смисла.

Сосема нов екран Liquid Retina – најнапредниот LCD во индустријата.
Со уште побрза Face ID функција. Најпаметниот, најмоќниот чип што досега го имал некој паметен телефон.
И револуционерен систем на камери. iPhone Xr.
Прекрасен е како и да го гледате.

Ви ја претставуваме технологијата
Liquid Retina.
Новиот екран на iPhone Xr е најнапредниот LCD екран во индустријата.
Иновативен дизајн со позадинско светло, којшто овозможува екранот да ги опфати сите агли. За да гледате хипер-реални бои од едниот до другиот раб на екранот.

iPhone XR
Екран од 6,1"1

Најголемиот LCD некогаш направен за iPhone

Досега ненадмината прецизност на бои

Широк дијапазон на бои

True Tone

„Разбудете го“ со допир

iPhone XR
6,1" ekran1

Најголемиот LCD некогаш направен за iPhone

Досега ненадмината прецизност на бои

Широк дијапазон на бои

True Tone

„Разбудете го“ со допир

Голем екран за огромна разлика.
Погледнете само колку повеќе простор
имате за се што сакате да правите.

iPhone XR

iPhone 8 Plus

Исклучителни материјали.
Најиздржливото стакло некогаш направено за паметен телефон. Прецизно изработени опшивки од алуминиум што се користи во вселенската индустрија.
Отпорност на вода и прав.2
Со шест нови прекрасни завршни обработки.

Постапка за нанесување на бојата во седум слоеви.
Прекрасните завршни обработки на задното стакло се постигнати со напредна постапка со којашто се овозможуваат длабоки и богати бои.

Опшивки од алуминиум наменет за вселенската индустрија.

Специјалната легура дизајнирана од Apple е прецизно изработена за потребите на структурните опшивки и е анодизирана за да ја надополнува бојата на задното стакло.

Безжично полнење
Стаклениот заден дел дозволува лесно и безжично полнење на iPhone XR.3

Напредна технологија Face ID. Безбедноста е едноставна кога вашето лице е ваша лозинка. Можете да го отклучувате вашиот iPhone и да се најавувате во апликации, сметки и многу повеќе, се со само еден поглед. Ова е најбезбедната фацијална автентикација направена кога и да е за паметен телефон. Сега уште побрза.

Интелигентен А12 Bionic.
Најпаметниот, најмоќниот чип направен кога и да е за паметен телефон, којшто работи со помош на невронскиот погон на Apple од следната генерација.
За чудесни искуства на зголемена реалност (AR). Неверојатни портрети со контрола на длабочината. И брзина и леснотија во се што правите.

До
50% побрзи
графички перформанси4

До
15% побрзи
јадра4

До
50% помала
потрошувачка на ефикасните јадра4

8-јадрен
невронски погон

Подобрена
обработка на слики

Напредна
контрола на перформансите

Револуционерен систем на камери.
Најпопуларната камера на светот ја дефинира новата ера на фотографирање. Иновативниот сензор, заедно со ISP и со невронскиот погон, ви овозможуваат да правите фотографии како никогаш досега.

Режим за портрет.
iPhone XR користи камера со една леќа и машинско учење за да се постигне изострен фокус на луѓето што се во преден план, наспроти уметничката заматеност на позадината.

Зголемен bokeh-ефект. Фотографиите направени во режимот на портрет изгледаат уште попрофесионално, благодарејќи на функцијата за елегантно замаглување на позадината.

Сосема нова контрола на длабочината. Сега можете да ја приспособувате длабочината на полето на фотографираните портрети.

Smart HDR. Новите меѓукадри, побрзиот сензор и моќниот чип А12 Bionic ги нагласуваат светлината и сенките на вашите фотографии.

Задна камера од 12 MP

ƒ/1.8
леќа со
широк агол

Режим на портрет
со контрола на длабочина

2х побрз сензор
за Smart HDR за сите ваши фотографии

4К видео
до 60 fps

TrueDepth камера

ƒ/2.2
леќа со
широк агол

Режим на портрет
со контрола на длабочина

1080р HD видео
до 60 fps

Не постои друг телефон како iPhone. Секоја одлука во врска со секој од моделите на iPhone го издвојува моделот од останатите паметни телефони. Од начинот на изработка, преку начинот на којшто се обезбедува приватноста и сигурноста од самиот почеток, па се до начинот на којшто Apple одговорно ги рециклира материјалите.

Десктоп верзија