{{cart.Items.length}}

Kaspersky софтвер

  • Врвна заштита за корисници кои се често на интернет
  • Напредна антивирусна заштита
  • Ефикасна безбедност во текот на онлајн активностите како што се сурфање, банкарство, комуникации и сл.
  • Достапен на македонски, албански и англиски јазик

Онлајн софтверски пакет - Kaspersky софтвер

Kaspersky INTERNET SECURITY обезбедува врвна заштита и е наменет за корисници кои се често на интернет. Неговиот најсовремен, хибриден приод кон дигиталната безбедност комбинира иновативни технологии базирани на „cloud“ со напредна антивирусна заштита за обезбедување на ефикасна безбедност во текот на онлајн активностите како што се сурфање, банкарство, комуникации и сл.

Kaspersky ANTI-VIRUS се препорачува за корисници кои не се често на интернет и нуди основна заштита за компјутерите.

Kaspersky софтверот за корисниците е достапен во три јазични верзии и тоа, на македонски, англиски и албански јазик.

Во прилог се дадени главните функционалности на двата софтвери. Повеќе функционалности проверете ТУКА.

Функционалности Kaspersky
ANTI-VIRUS
Kaspersky
INTERNET SECURITY
Основна заштита
File, Mail, IM, Web Anti-Virus
Напредна заштита
Услуги базирани на Cloud (репутација)
Автоматско спречување на експлоатација (Automatic Exploit Prevention)
Следач на системот (System Watcher)
Системска безбедност
Проверка на системот по заразувањето со вирус
Интернет и мрежна безбедност
URL советник
Safe Money
Firewall
Блокатор на мрежни напади
Заштита на дигиталниот идентитет
Anti-Phishing
Виртуелна тастатура
Безбедносна тастатура
Блокирање на несакана содржина
Anti-Spam
Anti-Banner
Семејна заштита
Напредна родителска контрола
Контрола на користењето на компјутерот и на апликациите
Контрола на комуникациите преку електронска пошта, апликации за испраќање брзи пораки и социјални мрежи

Активација на пакет

Онлајн софтверските пакети - Kaspersky се активираат преку страницата Мој Телеком. Само регистрираните членови може да пристапат до личната Мој Телеком страница и да активираат онлајн софтверски пакети.

Ако не сте регистриран Мој Телеком корисник, регистрацијата е едноставна, брза и бесплатна. Овозможена е за сите корисници на Македонски Телеком во 4 едноставни чекори. По успешно комплетирање на чекорите добивате единствен кориснички профил достапен во секое време. Пристапете на страницата ТУКА и регистрирајте свој профил.

  • За активирање на Kaspersky софтврски пакет, најавете се на Мој Телеком страницата.
  • Во менито одберете Онлајн софтверски пакети и изберете го пакетот кој сакате да го активирате: Kaspersky INTERNET SECURITY или Kaspersky ANTI-VIRUS
  • Прочитајте ги и прифатите ги Општите услови за користење на пакетите
  • За потврда на активацијата потребен ви е Активирачкиот код, кој доколку до сега не сте го добиле, можете да го креирате сами веднаш по најавата на Мој Телеком
  • Во делот Активни пакети (Онлајн софтверски пакети –> Активни пакети) кликнете на линкот за симнување на соодветниот пакет кој го активиравте.
  • Штом симнувањето на софтверот ќе заврши во Downloads, кликнете два пати на документот кој го симнавте или пак директно кликнете на копчето Run.
  • ПИН кодот на софтверот секогаш ќе можете да го видите на Мој Телеком (Онлајн софтверски пакети –> Активни пакети)
pageArea reserved, leave empty!!!