{{cart.Items.length}}

Koристење на поените

Доколку сте корисник само на фиксните услуги

Почнувајќи од 01.01.2017 година Мој клуб програмата престанува да важи за корисниците на фиксните услуги на Македонски Телеком.

Правилото за поените кои истекуваат, на месечно ниво, останува да важи во текот на цела 2017 година.

За вкупниот износ на расположливите поени, како и за поените кои истекуваат во следниот месец , ќе бидете известени во Вашата месечна сметка.

Корисниците на Magenta 1 пакетот ќе продолжат да собираат поени.

Поените што ги имате собрано досега ќе можете да ги користите во текот на 2017, заклучно со 31.12.2017.

Доколку сте корисник на мобилните и интегрираните услуги

1. Во продавниците на Телеком

Потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура како корисник на мобилните услуги, бројот на Вашата клупска картичка како корисник на фиксните услуги, шифрата на одбраниот подарок и Tелеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога подарокот ќе биде достапен во продавницата, ќе ве известиме да го подигнете подарокот во одбраната продавница во рок од 15 дена.

2. Преку Контакт центарот на 122

Јавете се на 122 за да го нарачате производот. Притоа потребно е да ги кажете бројот на вашата фактура од мобилните услуги, бројот на Вашата клупска картичка како корисник на фиксните услуги, шифрата на одбраниот подарок и Телеком продавницата во која сакате да се достави. Во моментот кога производот ќе биде достапен во продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот од одбраната продавница во рок од 15 дена.

3. Преку Мој Телеком порталот

Одберете подарок според бројот на вашите Мој клуб поени во каталогот. Во моментот кога производот ќе биде достапен во Телеком продавницата, ќе ви пратиме SMS порака со која ќе ве известиме да го подигнете подарокот од одбраната продавница во рок од 15 дена.

pageArea reserved, leave empty!!!