Корпоративен GPRS

Вашата мобилна канцеларија

Корпоративен GPRS e специјализирана услуга која ексклузивно ви ја нуди Телеком, а ви овозможува пристап до најважните податоци, додека сте надвор од вашата канцеларија.

  • Пристап до корпоративната е-пошта
  • Пристап до корпоративен портал
  • Далечински пристап и администрирање на системи
  • Пренос на фајлови/податоци
  • Видео и аудио надзор
  • Поврзување со АТМ апарати
  • Поврзување со ПОС терминали

Со Корпоративен GPRS работете поефикасно и имајте контрола врз работните процеси, каде и да се наоѓате. Со оваа услуга пристапете сигурно и брзо до вашата корпоративна е-пошта и до корпоративниот портал, имајте далечински пристап и контрола на работењето и брз пренос на фајлови/податоци. Уште повеќе, оваа услуга ви овозможува видео и аудио надзор и поврзување со АТМ апарати и POS терминали.

За користење на Корпоративен GPRS, специјално за потребите на вашата компанија бесплатно ви се креира посебен Access Point Name (APN) и на ваше барање се дефинира сет од фиксни IP адреси на секоја SIM картичка.

Техничките поединости околу изборот на еден од начините на имплементирање на Corporate GPRS се предмет на меѓусебен договор помеѓу техничките сектори на Телеком и вашата компанија.

pageArea reserved, leave empty!!!