НАШИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА И ПОСТАПКИ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ОПШТЕСТВО ВО КОЕ ЖИВОТОТ СЕ НЕГУВА ВО ИНТЕРЕС НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Наша стратешка цел е да станеме глобален лидер во Поврзани живот и работа. За нас, тоа значи и лидер во корпоративната одговорност.

Како едни од најзначајните играчи во македонското деловно опкружување, имаме одговорност да поставиме стандарди и да бидеме движечка сила во развојот на општеството и тоа во сите негови сегменти - на еколошки, екомонски и социјален план.

Од производи и сервиси до инфраструктура и логистика, па сé до нашите вработени – нашата стратегија за корпоративна одговорност се протега до сите области на нашето секојдневно работење.

Заштита на животната средина

Заштитата на животната средина е еден од најважните фокуси на успешните корпорации кои, во рамките на своето работење, треба да сведат на минимум какво било негативно влијание врз средината во која живеат. Македонски Телеком години наназад во континуитет работи со цел да го одржи статусот на јаглерод неутрална компанија, што подразбира драстично намалување на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата, како заедничка заложба на Маѓар Телеком Групацијата. Се имплементираат повеќе мерки во рамките на секојдневните оперативни и тековни активности, со цел да се заштити животната средина. Во таа насока, неколку инфраструктурни објекти се снабдуваат со соларна енергија, а со оптимизација на работниот простор дополнително се намалува и потрошувачката на греење.

Воведен е електронски систем за плаќање којшто, покрај тоа што овозможува заштеда на хартија, исто така е брз, едноставен и безбеден. Тој е достапен 24 часа на ден и корисниците, покрај тоа што вршат онлајн плаќање, исто така можат да пристапат до своите податоци во секое време.

На компанијата ú е потребен возен парк, кориснички услуги и соодветни активности за други намени. Со воведувањето на GPS системите во возниот парк, ние штедиме на гориво и го управуваме движењето на возилата.

Една од иницијативите во оваа насока е намалувањето на отпадот преку селектирање на отпадниот материјал на хартија, пластика, метал и друг вид на отпад, собирање на старите мобилни апарати, како и понатамошно постапување со селектираниот отпад, според локалните закони.

Вработените и менаџерите се поттикнуваат да ја намалат потрошувачката на хартија, како и патувањата со авион, и да користат алтернативни методи коишто се подеднакво ефикасни, како што е употреба на електронски документи, теле-конференции, користење на автомобили на пократки релации, електронски сметки за корисниците итн.

Инвестиции во мрежата на иднината

Ние сме пионери во технолошката еволуција и постојано инвестираме во мрежата на иднината.

Во 2013 година, Македонски Телеком го мигрираше и последниот корисник на новата IP мрежа, со што стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол (ALL IP). Модернизацијата на мрежата започна во октомври 2011 година и за само 25 месеци, со инвестиција од 13 милиони евра сите 290.000 линии беа мигрирани на новата платформа.

Оваа технологија на новото време, користи интернет протокол за пренос на говор, што овозможува да се користат услуги од новата генерација и така да се одговори на сé поголемите потреби на корисниците во иднина. Истовремено, 250.000 kg опрема беа демонтирани и заменети и се ослободи простор од 5.000 m2 - површина со големина на главниот плоштад во Скопје.

Во 2013 година, ние први воведовме 4G во земјата, мрежа која отвара неограничени можности во светот на мобилните комуникации.

FTTH мрежата ја следи истата патека - пред една деценија широкопојасните услуги започнаа со 128 кбит/с, а на крајот на 2016 година, Македонски Телеком нуди 1 Gbit/s. Бројот на FTTH корисници достигна 37.000 на крајот од 2016 година, а вкупно 147.000 домови се поминати со оваа најнапредна технологија, што претставува една четвртина од вкупните семејства во Република Северна Македонија.

Одржливо работење

Компанијата воведе проект за систем за управување со добавувачи со цел да се подобри односот помеѓу компанијата и нејзините добавувачи преку поредовна и оптимизирана комуникација. Една од конкретните цели на проектот е проценка на извршувањето на работата на добавувачите од перспектива на одржливоста. Ова исто така вклучува проценка на одржливото финансиско, техничко, комерцијално и административно извршување на работата на добавувачите на ниво на целата компанија.

Социјални и специјални тарифи

Како технолошки лидер кој се стреми да создаде дигитално општество на иднината, свесни сме дека треба да ги вклучиме и ранливите групи, да им дадеме еднаква можност да бидат поврзани и да комуницираат според нивните потреби.

Македонски Телеком во својата понуда вклучува социјален тарифен модел за корисниците на социјална помош на коишто им се потребни само говорни услуги, кои добиваат бесплатна припејд фиксна телефонска линија. Освен тоа, во понудата се вклучени и специјална понуди за постари лица, пензионери и лица со посебни потреби, со најниски месечни претплати.

Кодекс за човекови права и социјални принципи

Десктоп верзија