Горан Трајановски

Печати

Преземи

Горан Трајановски е Главен оперативен директор на Македонски Телеком.

Г-дин Горан Трајановски својата кариера ја започнал како оснивач и генерален директор на приватна компанија од областа на електрониката и телекомуникациите, која успешно ја водел речиси една деценија.

Во Македонски Телеком доаѓа во 1997 година, како инженер, а потоа напредувал низ скалилата на компанијата преку водење и управување со компаниски проекти и програми значајни за нејзиниот развој. Во текот на неговото работење во Македонски Телеком, г-дин Трајановски бил назначуван на различни менаџерски позиции меѓу кои и Раководен директор за човечки ресурси и право.

Во доменот на телекомуникацискиот и ИТ секторот во Македонија, г-дин Трајановски е континуирано присутен речиси 20 години, вклучувајќи го и искуството како оснивач на стартап компанија.

На позицијата Главен оперативен директор на Македонски Телеком стапува на 15 декември 2017 година. Пред новиот ангажман во компанијата, тој ја извршувал функцијата Помошник министер за информатичка технологија и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи.

Горан Трајановски е инженер по електроника и телекомуникации и магистар по индустриски менаџмент.

Десктоп верзија