Metro Ethernet

Metro Ethernet (Metropolitan Area Network) е мрежно решение кое овозможува голем број деловни згради, канцеларии или филијали на една компанија или институција, кои се наоѓаат на територијата на исто населено место, лесно и едноставно да се поврзат во единствена мрежа.

Metro Ethernet е најраспространета LAN технологија чија основна предност е едноставноста, без потреба од комплексна опрема и сложени решенија. Таа претставува наједноставен и најефикасен начин, во смисла на трошок, за поврзување на разделени локации и апликации, во една целосно менаџирана и интегрирана мрежа. Притоа Metro Ethernet решението овозможува поголема:

  • Економичност - намалени трошоци за развој на мрежата
  • Безбедност - на ниво на дигитална закупена линија
  • Брзина - проток на податоци со гигабитни брзини
  • Едноставност - користење на истата опрема и знаење кои ги користите во вашите LAN мрежи
  • Флексибилност - Metro Ethernet решенијата на Македонски Телеком имаат инфраструктурни можности за поврзување на повеќе локации со различни брзини, со што во целост можат да ги следат вашите барања и потреби
  • Доверливост - преку гарантираните брзини и достапност.

Мрежните решенија се базирани на Ethernet технологија и оптичкото поврзување за постигнување големи капацитети и брзини, и тоа на поголеми растојанија, доволни да покријат површина на цел град. Овозможуваат поврзување на локации оддалечени до десетина километри и нивно непречено функционирање во иста мрежа.

Решенијата на Македонски Телеком се целосно приспособливи на корисничките барања во поглед на брзината, и тоа од 10 Mbps до 1 Gbps. Еднаш имплементираната брзина на системот може да се зголемува во согласност со потребите, без дополнително инвестирање во нова опрема или надградба на постојната.

Добиеното Metro Ethernet решение претставува една мрежа, една технологија, и еден систем кој IT персоналот во компанијата веќе го познава. Лесно може да се имплементира и надградува, како и ефикасно да се управува.

Останатите можности што ги нуди Metro Ethernet системот се:

  • Поврзување на центрите за складирање податоци, Metro Storage, со минимизирано доцнење - незаменливи можности за синхронизирано складирање податоци, со едноставност, перформанси и обем на трошоци, кои не може да ги понуди ниту еден друг постоен систем
  • Поврзување LAN-to-LAN
  • Гаранција на брзината (CIR) - со основната мрежна инфраструктура преку која се одвива Metro Ethernet услугата се овозможува следење на пристапната брзина на секој поединечен клиент  и се нуди гарантирана брзина на пренос на податоците
  • Флексибилност во поглед на надградливост на брзината
  • Можност за видео конференции.
pageArea reserved, leave empty!!!