{{cart.Items.length}}

Најевтин роаминг

Најевтин роаминг

Користeте вистински најевтин роаминг од поголемиот број мрежи во светот. Услугата Најевтин роаминг не е достапна во само мал број држави. Одберете држава од долното мени за да го проверите партнерот за повикувања со Најевтин роaминг од таа држава:

Доколку сакате да остварите повик користејќи ја оваа услуга, следете ги овие едноставни чекори:

Кон нашата мобилна мрежа и сите домашни фиксни мрежи Кон останати мобилни мрежи во Македонија Кон други меѓународни дестинации и во самата држава
Повици од сите држави со кои е поддржана услугата 67 ден./мин 73 ден./мин 91 ден./мин
Повици од Грција 47 ден./мин 53 ден./мин 71 ден./мин
  • За повици кон мобилните броеви на Македонски Телеком во Македонија внесете *123*, потоа бројот што сакате да го повикате 07XХХХХХХ па внесете # и на крај стиснете на зелената слушалка (на некои телефони ова е тастерот yes или ок).
  • За повици кон броеви од фиксните мрежи внесете *123*, потоа бројот што сакате да го повикате 02XХХХХХХ, па # и на крај стиснете на зелената слушалка (на некои телефони ова е тастерот yes или ок).
  • По внесување на бројот вашиот повик ќе биде исклучен; почекајте мобилниот да заѕвони, при што на дисплејот ке се покаже вашиот број. Прифатете го повикот и почнете го разговорот со поевтина тарифа.
  • Интервалот на тарифирање на појдовни повици е на минута.
  • Цената на една појдовна SMS порака зависи од државата каде што се наоѓате и операторот чии услуги ги користите.

ДДВ е вклучен во цената.

Апликација за најевтин роаминг

Повеќе нема потреба да памтите кој беше префиксот за повикување од странство. Едноставно, преземете ја и активирајте ја бесплатно новата SIM апликација и вртете и праќајте најевтини пораки од странство, како да си дома!

Повеќе...

*Сателитски зони: Андора, Асценсион, Австралиски надв. територии, Кукови острови, Куба, Диего Гарсија, Источен Тимор, Фоклански Острови, Фарски Острови, Гиблартар, Гвинеа Бисау, Исланд, Кирибати, Маршалови Острови, Микронезија, Науру, Ниуе, Северна Кореа, Палау, Папуа Нова Гвинеја, Св. Елена, Соломонски Острови, Сао Томе и Принципат, Токелау, Тувалу, Вануату, Волис и Футуна, Тираја.

Апликација за најевтин роаминг

Апликација за најевтини роаминг повици и SMS пораки

Врти и праќај SMS од странство како да си дома

Отсега повикувањето и праќањето SMS на твоите пријатели кога си во странство е многу полесно и поповолно, со бесплатната апликација за Најевтин роаминг.

Со нејзино преземање и активирање веќе ќе можеш брзо и лесно да вртиш дома, без внесување на префиксот *123* пред бројот кој го повикуваш, како и да праќаш SMS пораки по цена од само 9,9 денари!

Како до апликацијата?

Следи ги едноставните чекори:

Преземи ја апликацијата бесплатно преку:

  • Визуелниот автомат, со вртење на бесплатниот број *122#. Одбери 1 за Tелеком услуги и потоа одбери Најевтин роаминг. Навигацијата низ Визуелниот автомат е целосно бесплатна од дома и од странство.
  • Говорниот автомат на 122, во менито Tелеком услуги се одбира Бесплатна апликација *123* или директно бирај 141 511.
  • Преземањето на апликацијата е бесплатно.

Активирање на апликацијата

Користење на апликацијата

  • За да остваруваш повици кон Македонија по тарифите за Најевтин роаминг, директно бирај го бројот од контакт листата (именикот) на твојот телефон исто како да си дома или пак внеси го бројот во формат 07ХХХХХХХ или 02ХХХХХХХ. Потоа на екранот од мобилниот ќе се појави порака “Повикување со *123*, по што ќе добиеш повратен повик со твојот број на екранот од мобилниот. Прифати го повикот и зборувај со Најевтин роаминг.
  • За да праќаш SMS кон Македонија по тарифата за Најевтин роаминг, отвори го SIM
    (Tелеком) менито, одбери Најевтин роаминг, па *123* SMS. Потоа, внеси го бројот кон кој сакаш да пратиш SMS, притисни ОК и на крај внеси го текстот на пораката и повторно притисни ОК. На крајот ќе добиеш известување за статус на пратената порака.
  • Со користење на апликацијата сите повици кон Македонија се наплаќаат по тарифите за Најевтин роаминг, а сите SMS пораки се наплатуваат по цена од 6 ден. со ДДВ. 

Корисни информации:

  • Апликацијата е достапна за новите Телеком SIM картички. Доколу твојата SIM картичка не ја поддржува оваа апликација замени ја SIM картичката со нова во нашите продавници
  • За остарување повици и праќање SMS во странство потребно е да е активна услугата Роаминг. Информации на Мојот Телеком портал, во менито Мои услуги или на 122;
  • Максималниот број на карактери за една SMS порака е 160 и може да се користат само латинични и стандардни интерпукциски знаци;
  • За да се користи апликацијата, потребно е во земјата на престој да е достапна услугата Најевтин роаминг со операторот чија мрежа ја користиш. Доколку не можеш да оставриш повик/пратиш SMS, смени ја мрежата или деактивирај ја апликацијата: преку SIM (Телеком) менито, во делот Најевтин роаминг *123*, одбери Деактивирај. Потоа за повици кон Македонија со најевтин роаминг бирај со префикс *123”07ХХХХХХХ# или пак користи го стандардниот формат за бирање од странство +ХХХХХХХХХХХ, a за праќање SMS користи го стандардниот начин на праќање како од дома;
  • Со активирање на апликацијата за роаминг повици не може да остваруваат повици со
    Обичен роаминг (без префикс). Доколку сакаш да бираш обичен роаминг деактивирај ја апликацијата според упатството погоре.
  • Со активирање на апликацијата, сеуште можеш да праќаш SMS на стандарден начин (без користење на апликацијата) кои се наплатуваат по регуларна роаминг цена според тарифниот модел што го користиш;
  • За бирање странски број во роаминг користи го сандардниот формат +ХХХ ХХХХХХХХ;
  • Можно е апликацијата да не функционира на одредени типови телефони.

pageArea reserved, leave empty!!!