ВЛАДИМИР КОСТАДИНОВ

РАКОВОДИТЕЛ НА СЛУЖБА ЗА ДИГИТАЛНО ИСКУСТВО И ИНОВАЦИИ

Зошто Македонски Телеком? Затоа што е место каде има можност за учење, од најдобрите секако. Секој кој би работел во Македонски Телеком има контакт со најдобрите вендори и партнери за секоја сфера на нашето работење, од телекомуникации, преку финансиското работење, до човечките ресурси и комерцијалниот сегмент, зашто најдобрите се дружат со најдобрите.

Тука имаме пристап до информации со кои користејќи ги најдобрите алатки за дигитално работење, правилно управување со истите и користење, имаме прилика да направиме нешто ново за крајните корисници. Да направиме нешто комплетно ново, едноставно, нешто што е неопходно, што изгледа комплексно но сепак може да се прикаже како едноставно. Доволно детално, се разбира, зашто убавината е во деталите.

Во текот на мојот професионален развој, Македонски Телеком ми овозможи да погледнам подлабоко во технологијата, да ги согледам најосновните начела на стандардно мрежно работење, да навлезам во ИТ светот и да ги користам најпознатите дигитални алатки и системи за усовршување, но во исто време ми даде можност за да се обидам да посегнам по професионален раст во кариерата и да ја искористам можноста за унапредување.

Лично ја препорачувам Македонски Телеком како компанија за лично усовршување, раст и развој, каде дефинитивно се работи по најдобрите светски стандарди, а колегите се со отворен ум, без ограничувања и со особена мотивација и проактивност. Вистинско место за работа!!!

vladimir
Десктоп верзија