Креирајте нов Netflix профил или задржете го постојниот
Плаќајте ја услугата во месечната сметка од Телеком 
Следете ги содржините на кој било смарт уред
Направете профил и за вашите деца
Преземајте омилени содржини за да ги гледате без интернет

Одберете Netflix пакет

според вашите потреби – број на профили, број на уреди за истовремено гледање и/или преземање
содржини или квалитет на содржините

Premium

619 ден./месечно
  • Неограничен број филмови, ТВ шоуа и видео игри за смартфон, без реклами
  • Гледање на 4 поддржани уреди истовремено
  • Гледање содржини во 4K (Ultra HD) + HDR
  • Преземање содржини на 6 поддржани уреди истовремено
  • Netflix spatial audio

Standard

499 ден./месечно
  • Неограничен број филмови, ТВ шоуа и видео игри за смартфон, без реклами
  • Гледање на 2 поддржани уреди истовремено
  • Гледање во 1080p (Full HD)
  • Преземање содржини на 2 поддржани уреди истовремено

Basic

309 ден./месечно
  • Неограничен број филмови, ТВ шоуа и видео игри за смартфон, без реклами
  • Гледање на 1 поддржан уред истовремено
  • Гледање во 720p (HD)
  • Преземање содржини на 1 поддржан уред истовремено

Одбраниот пакет можете да го замените во секое време.

Ако веќе имате Netflix профил

Тогаш само префрлете го – нема потреба да го откажете! Линк за регистрација ќе ви испратиме на вашата е-адреса, каде што ќе треба да ги внесете моменталните податоци за најава на Netflix. На овој начин вашата постојна Netflix сметка ќе се пренесе во Македонски Телеком. Сите ваши поставки, профили, препораки и историја на гледања ќе си ги задржите, а Netflix ќе продолжите да го плаќате преку вашата месечна сметка од Телеком.

Погледнете ги чекорите како да регистрирате профил на Netflix.

Прочитај

Прашања и одговори

Кој може да активира Netflix преку Македонски Телеком?

Netflix можат да го активираат постпејд корисници на фиксни и/или мобилни услуги на Македонски Телеком.

Пакетот Netflix Basic е веќе вклучен во Magenta 1 Unlimited Premium Netflix и Internet & TV Unlimited Premium Netflix.

Пакетите Netflix Basic, Netflix Standard и Netflix Premium се достапни за активирање како дополнителна опција на сите фиксни и постпејд мобилни тарифи. Корисниците со активен пакет Netflix Basic можат во секое време да го надградат на пакет Netflix Standard или Netflix Premium.

За повеќе информации за понудите со кои можете да активирате Netflix пакет, контактирајте нè преку ChatBot.

Како можам да активирам Netflix преку Телеком?

Вашиот Netflix пакет можете да го активирате во секое време преку:

  • Мобилната апликација Telekom MK
  • Продажните места на Македонски Телеком
  • ChatBot за корисничка поддршка

По активирањето на Netflix пакетот преку Телеком, ќе ви испратиме линк за завршување на регистрацијата. Следете го линкот за да креирате нова или да ја поврзете вашата постоечка Netflix корисничка сметка.

Внесете ја вашата е-пошта и поставете лозинка за креирање нова Netflix корисничка сметка или внесете ги е-поштата и лозинката на постоечката Netflix сметка за да ја поврзете со вашата претплата преку Телеком. Со поврзувањето на постоечката сметка, ќе ги задржите историјата на гледање, профилите  и персонализираните препораки, а наплатата за Netflix ќе продолжи преку месечната сметка во Телеком.

Напомена: Доколку претходно сте ја плаќале Netflix претплатата преку Apple, потребно е да ја откажете претплатата директно преку Apple. Во спротивно, Netflix ќе продолжи да ви се наплатува и преку Apple и преку сметката во Телеком.

Што вклучува актуелната понуда во Magenta Moments?

Кампањата е достапна за сите корисници на следниве тарифни модели:

  • М1 фиксни услуги Extra, Premium со вклучен HBO
  • I&TV Extra, Premium со вклучен HBO
  • M1 B Unlimited Extra, Premium, Business Office Unlimited Extra, Premium, Business Internet Unlimited Extra, Premium

 Се активира преку Magenta Moments, банер кој води до процесот за активација.

 По завршување на овој период од 60 дена, попустот автоматски се деактивира, при што доколку не се деактивира Netflix Basic истиот ќе продолжи да се наплаќа по редовна цена 309 ден месечно

Понудата е достапна за активирање во периодот 02.09- 31.10.2026

Доколку нарачам Netflix пакет, дали мојата постоечка Netflix корисничка сметка автоматски ќе се поврзе?

Не. Вашата Netflix корисничка сметка нема автоматски да се поврзе со вашата претплата во Телеком. Потребно е да го завршите процесот на регистрација. Постоечката Netflix корисничка сметка, можете да ја поврзете со вашата сметка во Телеком при самата регистрација, по што вашата Netflix претплата ќе се наплаќа преку месечната сметка од Телеком.

Доколку одлучите да не ја поврзете вашата постоечка Netflix корисничка сметка, ќе продолжите да ја плаќате Netflix претплатата преку начинот на плаќање што претходно сте го избрале.

Напомена: Доколку претходно сте ја плаќале Netflix претплатата преку Apple, потребно е да ја откажете претплатата директно преку Apple. Во спротивно, Netflix ќе продолжи да ви се наплаќа и преку Apple и преку сметката на Македонски Телеком.

Како можам да го променам или надградам мојот Netflix пакет?

Вашиот Netflix пакет можете да го промените или надградите во секое време преку:

  • Мобилната апликација Telekom MK
  • Продажните места на Македонски Телеком
  • ChatBot за корисничка поддршка

Дополнително, пакетот можете да го промените или надградите и на www.netflix.com/account. Најавете се на вашата Netflix корисничка сметка и изберете „Промени пакет“ за да ги прегледате и изберете достапните Netflix пакети.

Вашиот Netflix пакет можете да го промените еднаш во период од 24 часа.

Месечниот надоместок за претходниот и новоизбраниот Netflix пакет ќе биде пресметан пропорционално според бројот на денови на користење и ќе биде прикажан на вашата месечна сметка за соодветниот пресметковен период.

Поврзав погрешна Netflix корисничка сметка со мојата претплата во Телеком. Што треба да направам?

Не грижете се. Доколку по грешка сте поврзале погрешна постоечка Netflix корисничка сметка со вашата претплата во Телеком, контактирајте ја корисничката поддршка на Netflix и наведете ја е-поштата на Netflix корисничката сметка што е погрешно поврзана.

Имам Netflix корисничка сметка, но не можам да се најавам и да ја поврзам со мојата претплата преку Телеком.

Не грижете се. Доколку ја знаете е-поштата што сте ја користеле при регистрацијата на Netflix, следете го линкот за ресетирање на лозинката.

Доколку не ја знаете е-поштата што сте ја користеле при регистрацијата на Netflix или сметате дека е внесена погрешно, прво проверете дали сè уште сте најавени на некој од уредите на кои претходно сте се најавиле на Netflix. Доколку сте најавени, ажурирајте ги податоците за вашата Netflix корисничка сметка преку тој уред.

За дополнителна помош, контактирајте ја корисничката поддршка на Netflix.

Имам Netflix корисничка сметка со претплата преку Телеком, но го заборавив корисничкото име или лозинката.

Не грижете се. Доколку ја знаете е-поштата што сте ја користеле при регистрацијата на Netflix и сте ја заборавиле лозинката, следете го линкот за ресетирање на лозинката достапен на страницата на Netflix, https://www.netflix.com/mk/loginhelp.  

Доколку сте го заборавиле корисничкото име, односно е-поштата што сте ја користеле при регистрацијата на Netflix со претплата преку Телеком, тогаш побарајте ресетирање на корисничкото име преку мобилната апликација Telekom MK, во делот наменет за управување со Netflix услугата. Откако ќе го одберете бројот со активна Netflix услуга, со клик на копчето Промени достапен е линк за Заборавено корисничко име / лозинка. По кликнувањето на овој линк ќе ви испратиме SMS и / или е-пошта според Вашите податоци за контакт со регистрациски линк преку кој ќе можете одново да се регистрирате со Вашата е-пошта којашто Ви е позната.

На кои уреди можам да гледам Netflix?

Netflix можете да го користите на следните уреди:

  • MagentaTV Box – едноставно вклучете ја MagentaTV, од главното мени изберете „Дома“ и движете се надолу каде што е поставена лента со актуелни Netflix содржини преку која имате директен пристап до апликацијата. Исто така, можете да пристапите преку менито  „Апликации“ каде што Netflix е поставен на првата позиција во лентата со препорачани апликации.
  • Паметни телевизори, мобилни телефони, таблети, компјутери и гејминг конзоли – преземете ја апликацијата Netflix од соодветната продавница за апликации.

Листата на сите поддржани уреди за користење Netflix е достапна на devices.netflix.com.

Дали можам да гледам Netflix на повеќе уреди истовремено?

Да, Netflix можете да го гледате истовремено на повеќе компатибилни уреди. Бројот на уреди на кои можете истовремено да гледате Netflix зависи од избраниот пакет:

  • Netflix Basic – гледање на 1 поддржан уред истовремено.
  • Netflix Standard – гледање на 2 поддржани уреди истовремено.
  • Netflix Premium – гледање на 4 поддржани уреди истовремено.