Device Insurance

Одберете го пакетот што најмногу ви одговара

Што вклучува
пакетот
Premium Standard Basic
Што вклучува пакетот Случајна штета на целиот уред

Полнење на уредот со вода

Кражба

Неовластено користење на SIM-картичка при кражба

Поплава
Случајна штета на целиот уред

Полнење на уредот со вода
Случајна штета само на екран
Вредност на уредот
до 15.399 ден.
199 ден./месечно 129 ден./месечно 69 ден./месечно
Вредност на уредот
15.400–36.999 ден.
319 ден./месечно 199 ден./месечно 129 ден./месечно
Вредност на уредот
над 36.999 ден.
449 ден./месечно 259 ден./месечно 199 ден./месечно
Франшиза (учество на осигуреникот при надомест на штета) 2.650 ден. – случајно оштетување, полнење на уредот со вода и поплава

5.300 ден. – кражба
2.650 ден. 1.300 ден.
Сума на осигурување во секој осигурителен период Вредноста на уредот при кражба, случајно оштетување и полнење на уредот со вода

125.000 ден. бруто при неовластено користење на SIM-картичка при кражба на уредот
Вредноста на уредот Вредноста на уредот
Осигурително покритие во еден
осигурителен период (12 месеци)
2
осигурени настани
(надомест на штета)
2
осигурени настани
(надомест на штета)
2
осигурени настани
(надомест на штета)
За осигурување на уред нема ДДВ.
Типот на осигурителниот пакет кој може да се активира зависи од основната цена на купениот уред, без дополнителни попусти и бенефиции.

Прашања и одговори

Зошто да го осигурам новиот уред?

Незгоди се случуваат. Случајно оштетување на екранот или на целиот уред. Полнење на уредот со вода. Поплава. Кражба. Висока телефонска сметка поради неовластено користење на SIM картичката при кражба на уредот.

Со осигурување на уредот, сега можете да го заштитите вашиот мобилен телефон или мобилниот телефон на вашето дете од вакви ризици.

Дали има обврзувачки договор за осигурување на уредот?

Не, нема обврзувачки договор. Осигурувањето на уредот можете да го откажете во секое време.

Каков уред можам да осигурам?

Нов мобилен телефон купен од Македонски Телеком.

Дали може да осигурам стар уред?

Не, не може да се осигура стар уред. Може да се осигура само нов уред купен од Македонски Телеком.

Од што зависи цената на осигурувањето?

Цената (премија за осигурување) зависи од цената на уредот (со ДДВ) што го купувате од Македонски Телеком, без дополнителни попусти и поволности:

  • до 15.399 ден.
  • од 15.400 до 36.999 ден.
  • над 36.999 ден.

Како и каде можам да го осигурам уредот?

Во секое продажно место на Македонски Телеком, при купување на уредот.

Кој го обезбедува осигурувањето?

Осигурувањето го обезбедува МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп со седиште во Скопје (адреса: 11 Октомври бр. 25, Скопје).

Какви штети не се покриени со осигурувањето?

Осигурувањето не покрива штета предизвикана:

  • намерно од осигуреникот или негов близок
  • поради изнајмување или позајмување на уредот;
  • од неовластена поправка на уредот;
  • од додатоци кои не се препорачани од производителот;
  • од учество во масовни настани, концерти, спортски настани;
  • од висока температура;
  • од оставање на уредот на јавно место.

Осигурувањето не важи:

  • за естетски оштетувања, како гребаници и слично, кои не влијаат на функционирањето на уредот;
  • за изгубен софтвер или податоци на уредот;
  • во случај на избришан IMEI/сериски број на уредот.

Деталите за осигурувањето ги има во Општите Услови за Осигурување, достапни во секое продажно место на Македонски Телеком.