За целосна дигитализација на вашите деловни процеси

Digitaliziraj delovni procesi

PANTHEON CLOUD

Што е Pantheon Cloud?

Pantheon Cloud е напредно софтверско решение базирано на Телеком Cloud кое ги покрива сите деловни процеси: од нарачки и фактурирање, сметководство и плати, па сè до управување со производство и деловна аналитика. Наменет за сите компании од која било дејност. Погоден и за сметководствените бироа и нивните клиенти, овозможувајќи им истовремена работа и автоматска размена на податоци, притоа заштедувајќи време и намалувајќи трошоци.

e-smetkovodstvo

E–сметководствено работење на компаниите и сметководствените бироа

delovna analitika

Деловна аналитика

biznis intelegencija

Бизнис интелигенција – планирање (буџетирање), извештаи и анализи

За кого е наменет?

Pantheon Cloud е развиен за да одговара на сите компании, без разлика на нивната големина или дејност, и тој нуди соодветни решенија за:

  • мали компании со надворешно сметководство, како комерцијални и услужни компании, за лесно креирање финансиски документи, нивно складирање и управување;
  • трговија на мало и големо, каде што обезбедува целосна покриеност на процесите, со можност за поврзување со POS и фискална каса, следење на процесите на нарачка и испорака, интеграција со е-продавница и магацини, изготвување документи, информации за клиенти, ценовници, како и прегледи на продажба;
  • големи компании, со вклучен модул за бизнис интелигенција за планирање, извештаи и анализи, алатка за анализа на процесите наменета за менаџери и сопственици;
  • сметководствени бироа, со решение коешто им овозможува истовремен пристап до софтверот на корисникот и користење иста база, за автоматско преземање и книжење на документите, изработка на извештаи и биланси, пополнување и достава на ДДВ пријава, пресметка на плати, материјално работење итн.;
  • јавни институции, со решение прилагодено според нивните потреби, со едноставен контен план, биланси и евиденциско книжење;
  • производствени компании, со решение за надзор и управување со сите производствени процеси, управување со складиште, залихи и царина, финансиско и сметководствено работење и пресметки, сервисни услуги, патни налози, кадрово работење итн.

Придобивки

avtomatizacija

АВТОМАТИЗАЦИЈА

Целокупното работење е на едно место. Документите во системот се внесуваат еднаш и се обработуваат без повторен препис. Повеќе време за советување и анализи. Едноставен и брз пристап преку интернет од каде било и во кое било време.

zakonska usoglasenost

ЗАКОНСКА УСОГЛАСЕНОСТ

Напреден ERP софтвер, aжуриран согласно последната законска регулатива на РМ. Достапен и во неколку различни законодавни и јазични локализации од Југоисточна Европа, коишто можат да се комбинираат за потребите на компаниите.

sigurnost

СИГУРНОСТ

Редундантна хардверска инфраструктура инсталирана во целосно опремен и заштитен податочен центар на Македонски Телеком, со најсовремени системи и постапки за одржување и back up копии на базата на податоци.

zashteda

ЗАШТЕДА

Без вложување во инфраструктура и софтвер, единствено плаќате месечен надомест според избраниот тип на лиценца. Заштеда на време и патни трошоци.

Услуги

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ
еСМЕТКОВОДСТВО ОДЛИЧНИ ЗА МАЛИ БИЗНИСИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА МАЛОПРОДАЖБА ГОЛЕМИ БИЗНИСИ ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ ГОЛЕМИ БИЗНИСИ И СМЕТКОВОДСТВО ПРОИЗВОДСТВО
Web Light LX LT/LT3(i)
i

Мрежна лиценца (до 3 лиценци, цена по лиценца)

RT RE SE GE ME MF
Благајна
Нарачки
Електронско и интернет работење
Издавање и прием на фактури
Патни налози
Залихи и складишта
Основна кадрова евиденција
Даночна потврда на фактури
Пресметка на ДДВ
Работа со странство
Сметководство
Основни средства
Сервис
Персонална плата
Напредна кадрова евиденција
Основно производство
BI – основни контролни табли
BI – контролни табли по потреба
BI – анализи, извештаи, планирање
Производство – планирање, терминирање, напредни работни налози
Простор на диск 500MB 500MB 500MB 250MB 500MB 500MB 500MB 500MB 1000MB
Цена по лиценца
924 1.090
денари месечно
619 730
денари месечно
929 1.096
денари месечно
929 1.096
денари месечно
1.489 1.757
денари месечно
2.289 2.701
денари месечно
2.289 2.701
денари месечно
2.479 2.925
денари месечно
3.529 4.164
денари месечно

Во цената на услугата не е вклучена иницијалната инсталација и конфигурација на Pantheon Cloud. Иницијалната инсталација и конфигурација се плаќа еднократно со почетокот на користењето на услугата.

Во цената не е вклучена поддршка за услугата. Постои можност за дополнителна месечна претплата за поддршка за услугата.

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

Дополнителен простор
за складирање податоци

1x1 GB

149 176
денари месечно
Pantheon cloud пакет претплата 10GB 50GB 50GB
еДокументација
614 725
денари месечно
180 212
денари месечно
614 725
денари месечно
1.110 1.310
денари месечно
еБекап
/ /
180 212
денари месечно
614 725
денари месечно
1.110 1.310
денари месечно

Дополнителниот дисковен простор за складирање податоци и еДокументација се дополнителни услуги коишто се однесуваат на стандардните Pantheon Cloud лиценци и Pantheon Web Light лиценцата.

еБекап е дополнителна услуга во нашата понуда којашто се однесува на Pantheon лиценците коишто се хостирани локално кај корисникот.

Повеќе инфо за Pantheon Cloud

Автоматска оперативна контрола

Автоматизација на брзината на возилата преку креирање сопствени географски региони на мапа и автоматска контрола на брзината во рамките на овие региони со различни лимити на брзината. Кога брзината е надмината, системот ви праќа аларми и креира извештаи.

Автоматизација на контрола на работно време преку поставување правила за возилата во рамките на работното време/надвор од него или за време на викенд.

Автоматизација на дозволени места на посета и контрола на ноќно паркирање преку креирање специфични географски региони (ваши места за продажба, магацини, бензински станици, места за дистрибуција на стока итн.) со правила за влез, излез, стопирања во рамките на овие региони. Притоа, системот ви праќа аларми при прекршување на правилата и креира извештаи.

Интернет (GPRS) сообраќајот во национална мрежа потребен за нормално функционирање на услугата е вклучен во претплатата;

За да се користи Fleet Management услугата, потребна е специјална хардверска единица која се инсталира во возилото/возилата на корисникот.

Прашања и одговори

Не, договорот е на неопределено време со можност кога било да го раскинете.

Пристап до базата на податоци имате само Вие со корисничко име и лозинка кои само Вие ги знаете.

  • Брзо книжење без дупли внесови. Со Pantheon Cloud можете да книжите автоматски примени и издадени сметки, пресметка на ДДВ, плати, патни налози и други лични примања, производство и употреба на материјални средства. Притоа, бројот на грешките при внесот на податоци се сведува на најниско можно ниво.
  • Законско прилагодување и усогласеност со меѓународните стандарди. Надоградбата на програмата се врши при значајни промени во законот, кои преку интернет автоматски се пренесуваат до сите корисници. Така сметководствениот сервис секогаш работи согласно законските прописи.
  • Pantheon Cloud овозможува електронско праќање на сите релевантни обрасци до надлежните државни институции, а со тоа скенираните документи можат брзо да се разменуваат со клиентот.
  • Деловна аналитика. Со деловната аналитика, сметководителот на своите клиенти може да им понуди деловен совет. Така се надминува рамката за „класичното” сметководство и станува надворешен соработник во фирмата на својот клиент.
  • Стабилноста и сигурноста се на прво место. Нема потреба повеќе да се грижите дали вашиот сметководствен програм правилно ќе работи и дали книжењето ќе остане во базата.

Сметководството има можност за експресно издавање деловни извештаи, кои од Pantheon Cloud се извезуваат во PDF, Excel, Word или преку електронска пошта. Така што клиентот е во тек со сė што се случува со неговите финансии.

Data Lab
Десктоп верзија