Партнерска програма за лојалност

Мој клуб поени можат да собираат и да ги користат сите наши мобилни корисници во над  250 продажни места, при секое купување  во некоја од продавниците на нашите партнери.

Собирање поени

  • Сè што ви е потребно за да собирате поени е вашиот мобилен телефон со наш  број.
  • При плаќање на Вашата сметка на каса во секоја продавница од партнерската мрежа, побарајте го терминалот поставен до касата означен со Мој клуб налепница.
  • Завртете на бесплатниот број 180.
  • По звучниот сигнал, поставете го мобилниот телефон на терминалот.
  • Држете го својот мобилен телефон неколку секунди до терминалот, за да се евидентираат поените.
  • На крајот, терминалот ќе отпечати потврда со бројот на доделени поени на вашето салдо.

Сите наши партнери доделуваат поени за секоја направена трансакција кај нив. Секој партнер има свој модел на доделување поени кои можете да ги видите на следниов линк.

Koj може да собира поени?

  • Секое физичко лице со поединечна претплата.
  • Секој член од фамилијарните тарифни модели за физички лица. Собраните поени ќе бидат ставени на фамилијарното салдо на Мој клуб поени.
  • Секој член од Team тарифните модели за деловни корисници. Собраните поени ќе бидат ставени на групното салдо на Мој клуб поени.
  • Назначени вработени од секоја компанија кои можат да собираат Мој клуб поени за компанијата. Собраните поени ќе бидат ставени на компаниското салдо на Мој клуб поени.
  • Вработен во компании кои добиваат посебна месечна фактура. Собраните поени ќе бидат ставени на личното салдо на Мој клуб поени на вработениот.
  • Секој припејд корисник на Македонски Телеком.

Каде може да се види преглед  на поените?

  • Со секоја направена трансакција веднаш ќе добиете SMS за собраните поени.
  • Доколку сте припејд корисник или пак, како постпејд корисник не добивате месечна сметка, ќе ви пратиме месечнa SMS порака за направените транскации и вкупното салдо.
  • Најавете се на  Мој Телеком за да ги видите сите направени трансакции во партнерската продажна мрежа.
  • На месечната сметка како вкупно Мој клуб салдо.
  • Преку нашиот Контакт центар на 122.
  • Со праќање SMS на бројот 070 142 566 со содржина Мој клуб. Цена на SMS  пораката е 5 ден.
  • Во сите Телеком продавници.

Поените се со временска важност од 2 години.

Како се користат поените кај партнерите?

  • Поените се користат за плаќање на вашата сметкана каса во секоја продавницата на нашиот партнер, каде што пазарувате.
  • Побарајте го терминалот поставен до касата означен со Мој клуб налепница.
  • Преку својот мобилен завртете на бесплатниот број 180.
  • По звучниот сигнал поставете го мобилниот телефонна терминалот.
  • Држете го својот мобилен телефоннеколку секунди до терминалот.
  • На екранот на терминалот се појавува потребниот износ во поени за да платите, расположливите поени, како и сумата во денари што треба да ја доплатите доколку немате доволно Мој клуб поени.
  • На терминалот изберете ПОТВРДИ доколку сакате целосно да ја платите вашата сметка со поени.
  • На терминалот изберете ПРОМЕНИ доколку сакате да внесете износ на поени по ваш избор.
  • На крајот, терминалот печати потврдасо бројот на искористени поени од вашето салдо.

По плаќањето, ќе добиете фискална сметка за потрошена сума со поени и со денари.

Кој може да користи поени во партнерска мрежа?

  • Секое физичко лице со поединечна претплата.
  • Само одговорното лице од фамилијарните тарифни модели, кое може да овласти користење на фамилијарните поени и на членовите од фамилијата преку Мој Телеком.
  • Само одговорното лице од Team тарифните модели, кое може да овозможи користење на групните поени и на членовите од тимот преку Мој Телеком.
  • Само претходно назначени лица од компанијата можат да ги користат собраните поени од компаниското салдо на Мој клуб поени.
  • Секој вработен во компанијата може да ги користи собраните поени ставени на личното салдо на Мој клуб поени на вработениот.

Каде можам да ги видам искористените поени во партнерската мрежа?

  • Со секоја направена трансакција веднаш ќе добиете SMS за собраните поени.
  • Доколку сте припејд корисник и не добивате месечна сметка, ќе добиете месечен SMS за направените транскации и вкупното салдо.
  • Најавете се на Мој Телеком за да ги видите сите направени трансакции во партнерската продажна мрежа.
  • На месечната сметка како вкупно Мој клуб салдо.
  • Преку нашиот Контакт центар, на 122
  • Со праќање SMS на бројот 070 142 566 со соджина Мој клуб. Цена на SMS пораката е 5 ден.
  • Во сите наши продавници.
pageArea reserved, leave empty!!!