Преносливост на број помеѓу оператори

Задржете го бројот и преминете во понуда создадена за вас!

Со услугата Преносливост на број* можете слободно да преминете во мобилната мрежа на Телеком од која било друга мобилна мрежа, задржувајќи го својот број заедно со префиксот (075, 076, 077 или 078).

Како да пренесете број во мобилната мрежа на Телеком?

Доколку сакате да пренесете постпејд број:

  • поднесете Барање за склучување претплатнички договор со пренесување број во мобилната мрежа на Телеком во која било продавница на Македонски Телеком,
  • доставете ги вашите документи за склучување нов постпејд договор и
  • понесете сметка/фактура од операторот од каде што преминувате.

Доколку сакате да пренесете припејд број:

  • поднесете Барање за пренесување број во која било продавница на Македонски Телеком,
  • понесете ја својата лична карта и
  • идентификувајте се со PUK број од SIM картичката од операторот од каде што сакате да преминете.

Како да препознаете дали бројот е пренесен во друга мобилна мрежа?

При воспоставување повик, преку звучен сигнал можете да препознаете дали бројот припаѓа на мобилната мрежа на Телеком или е пренесен од/во друга мобилна мрежа. Звучниот сигнал е краток и се слуша пред воспоставувањето на повикот, само при повикување број пренесен во мобилна мрежа различна од онаа на која според префиксот припаѓа повикувачкиот број.

Кога Телеком претплатник повикува фиксен број, звучниот сигнал означува дека повиканиот број се наоѓа во мрежа на фиксен оператор кој не е носител на бројот или дека бројот ја променил географската локација во рамките на истото нумерациско подрачје, но останал во мрежата на истиот оператор.

Како да проверите на која мрежа припаѓа бројот?

Доколку сакате да проверите на чија мрежа припаѓа бројот што сакате да го повикате, на располагање ви се следниве начини:

  • Пратете бесплатна SMS порака на 070 170 со текст: 3897YXXXXXX или 07YXXXXXX
  • Јавете се на бесплатниот број 070 170 и следете ги гласовните инструкции или
  • Искористете ја апликацијата подолу, впишете го телефонот за кој сакате да ја извршите проверката во формат YXXXXXX, внесете ја оптичката потврда и кликнете "Барај".
Проверете на која мобилна мрежа припаѓа бројот
Внесете го телефонскиот број: +3897
Внесете ги четирите знаци од горната слика
Captcha   

Општи услови при пренесување број

  • Можете да извршите само пренос на припејд во припејд, постпејд во постпејд и припејд во постпејд број.
  • Можете да извршите пренос на број за говор, а не и на податочни (дата) и Факс/податочни броеви.
  • Рокот за пренесување број во мобилната мрежа на Телеком e 2 (два) работни дена од денот на поднесувањето на барањето за пренесување број. При пренесување број во мрежата на Телеком ќе добиете нова SIM картичка.
  • Ако вашиот мобилен телефон е заклучен (кодиран), Телеком не може да изврши отклучување (декодирање).
  • Одложување или откажување на Барањето за пренесување број не е можно;
  • Преминување во друга мрежа или враќање во старата може да побарате во рок не пократок од 30 дена од започнувањето на услугата.
  • Преминување во друга мрежа или враќање во старата може да побарате 30 дена од поднесеното барање;
  • Можете да побарате пренесување број во друга мрежа. Цената изнесува 236 денари (со вклучен ДДВ).

Ве очекуваме во продавниците на Македонски Телеком каде што во секое време вработените ќе ви помогнат при изборот на понудата која во целост ќе ги исполни вашите потреби и барања.

Десктоп верзија