Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

SCA - Развој на Service Configuration & Activation DPS

Дали сакате да се вклучите во развојот на FRONT END и BACK END на платформи за конфигурација и активација на услуги?

Уникатна можност да работите на развој и подобрување на постоечката платформа за конфигурација и активација на услуги (SCA DPS), со примена на најновите технологии во телекомуникациските процеси.

Повеќе за проектот

Проектот вклучува front-end и back-end развој на постоечката платформа SCA DPS, со фокус на подобрување на корисничкото искуство, автоматизација на барања и ракување со потенцијални грешки. Дополнително, ќе се врши интеграција на маркетинг конвергентни продукти во системот.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на развој на front-end интерфејс за ракување со барања за провизионирање, кој ќе овозможи интуитивно и кориснички ориентирано искуство. Дополнително, ќе имплементирате функции за повторување на барањата и управување со грешки. Во back-end делот, ќе учествувате во надградба на платформата SCA DPS, со додавање на нови функционалности поврзани со маркетинг конвергентни продукти.

Квалификации

  • Знаење за Angular.
  • Познавање на Java програмскиот јазик.
  • Знаење за SQL и бази на податоци.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Ќе научите и користите најнови технологии во развој на софтвер за телекомуникациската индустрија.
  • Ќе стекнете подлабоко искуство со телекомуникациските процеси.
  • Ќе имате можност да соработувате со искусни програмери и да ја подобрите својата експертиза.

Ако сте подготвени да ги унапредите вашите програмерски вештини и да работите на иновативни решенија во телекомуникацискиот сектор, АПЛИЦИРАЈТЕ

Десктоп верзија