ЗА ИГРАТА

За да им помогнеме на научниците да најдат лек за деменцијата, ја создадовме Sea Hero Quest – една поинаква игра за мобилен. Од пингвините до мамутот скриен во мразот, секој елемент е направен да биде исто толку забавен и возбудлив, колку што е и научно оправдан. Научниците ќе ги анализираат податоците за да ја подобрат можноста за откривање на најраните знаци на деменцијата.

НАУКАТА ЗАД
МОРИЊАТА

Луѓето трошат 3 милијарди часови неделно играјќи игри. Замислете што сè може да се направи ако дел од тоа време се посвети на добра цел! Со 2 минути играње Sea Hero Quest создавате исто количество податоци за кои на научниците им се потребни 5 часа за да ги соберат.

Преземете ја играта бесплатно од App Store или Google Play и играјте за добра цел!

ИГРАЊЕ
ЗА ДОБРА ЦЕЛ

Дојче Телеком верува во споделувањето. Посветете време и играјте за добра цел. Податоците за тоа како се снаоѓате во просторот безбедно се снимаат и се чуваат за да се создаде најголемата база на податоци од луѓе од целиот свет. На овој начин ќе се постават одредниците за човековото снаоѓање во просторот.

Сега играта е достапна и во виртуелна реалност за вашиот Samsung Gear VR.

За повеќе информации посетете ја веб страницата www.seaheroquest.com
Десктоп верзија