Син број 0890

Опис

Ако сте компанија која сака на своите деловни партнери и корисници да им ги презентира своите понуди и услуги преку телефон, а имате канцеларии на повеќе локации во земјата, можете да користите број со поделено плаќање, а сите ваши корисници да ја добијат информацијата за иста цена на повик без разлика од кој дел на земјата ви се јавуваат.

Број со поделено плаќање (на пример: 0890 12345) е телефонски број кој овозможува трошоците за повикот да бидат поделени меѓу повикувачот и повиканиот (вашата компанија).

Без оглед од каде повикува, повикувачот плаќа само локални разговори, а доколку повикот е кон национална дестинација, разликата од остварениот локални до национални разговори ја плаќа повиканиот (вашата компанија).

Достапноста на услугата од мобилните мрежи зависи од оператрот на мобилната мрежа.

За склучување на договор за користење на 0890 телефонска линија, потребно е:

  • Доставување на барање за 0890 линија до Македонски Телеком АД
  • Фотокопија од судска регистрација на компанијата
  • Минимум три телефонски линии поврзани во PBX група
  • Атест за претплатничката терминална опрема
  • Решение за доделен негеографски број од серијата 08 кое го издава Агенцијата за електронски комуникации

Цени

  Цени во денари без ДДВ Цени во денари со ДДВ
Еднократен надомест за инсталација 2.500,00 2.950,00
Син број месечен надомест 2.350,00 2.773,00
Тарифирање на разговори (корисникот А го повикува Б (Б е компанијата што го има 08xx бројот во Телеком мрежа)
Кога корисникот А е од Телеком фиксната мрежа
на А се наплаќа номинално по минута цена за национални разговори цена за национални разговори
на Б се наплаќа номинално по минута разлика меѓу тарифата за разговорот А-Б и тарифа за локални разговори + 0,36 ден. / минута разлика меѓу тарифата за разговорот А-Б и тарифа за локални разговори + 0,42 ден./ минута
Кога корисникот А е од мобилна мрежа
на А се наплаќа номинално по минута цена дефинирана од страна на мобилниот оператор
на Б се наплаќа номинално по минута (нормална тарифа) 2,36 2,78
на Б се наплаќа номинално по минута (евтина тарифа) 1,26 1,49
Кога корисникот А е од друга фиксна мрежа
на А се наплаќа номинално по минута цена дефинирана од страна на другиот фиксен оператор
на Б се наплаќа номинално по минута (нормална тарифа) 2,36 2,78
на Б се наплаќа номинално по минута (евтина тарифа) 1,26 1,49
pageArea reserved, leave empty!!!