Smart Cloud Organizer

  • Прегледност на сите ангажирани и расположливи ресурси со кои управувате
  • Автоматизирано креирање на договори, фактури и генерирање на извештаи
  • Ефикасен систем на известување и споделување на податоците
  • Пристап до најновите информаци за сите корисници од било која локација
  • Безбедност и креирање сигурносни копии на податоците
  • Бесплатен пробен период од 30 дена

Опис

Што сė треба да направите за да организирате настан за само еден клиент на вашата агенција? Да го одредите датумот на настанот, да резервирате локација, да обезбедите ентериер и опрема, да го декорирате просторот, да ја дефинирате листата на учесници, да ги платите фактурите на вашите добавувачи, да издадете фактура до вашиот клиент, да ја следите наплатата...

Што се случува кога истото треба да го направите за стотиците клиенти кои ги имате? Треба да управувате со огромен број на локации, капацитети, учесници, клиенти, наплати, исплати...

Само кога би имале систем кој ќе го поедностави и автоматизира сево ова...

Smart Cloud Organizer е решението за вас!

Специјално дизајниран според потребите на продуцентските куќи, рент-а-кар компаниите, маркетинг агенциите, туристичките агенции и сите други компании кои вршат услуги и резервација на ресурси, Smart Cloud Organizer претставува веб апликација која го покрива секој аспект од работењето на овие бизниси. Брзо, едноставно и лесно, организирајте ја и автоматизирајте ја вашата работа, започнувајќи од нарачката од клиентот, па сė до финансиското известување за вашиот успех при наплатата во изминатиот период.

Да, навистина е толку едноставно да организирате настан во вашата маркетинг агенција. Погледнете го примерот:

Дополнителни информации

Ако ви се потребни дополнителни информации за продуктот, ве молиме контактирајте нė на sco@telekom.mk или закажете лична презентација во вашите простории.

Креирано во партнерска соработка со:

Цени и Спецификација

Smart Cloud Organizer е специјализирано решение за управување со ресурсите на компаниите кои извршуваат или организираат одредени активности за своите клиенти. Овој систем ви овозможува автоматизација на вашата работа, вклучувајќи ги сите карактеристики коишто се наведени во табелата.

Карактеристики на пакетот1 SCO Basic SCO Standard
Внес на клиенти во база (артисти, промотори, агенции за резервација, хотели итн.)
Креирање на резервацијата
Прикачување придружни документи
Детален роковник со резервации на ресурси
Автоматско креирање и пополнување договори
Е-нотификација за резервација и настани
Креирање про-фактури и фактури  
Креирање план за динамика на наплата на фактурите (плаќање на рати)  
Евиденција на уплати со роковник  
Автоматско креирање и пополнување фактури  
Креирање фактури за дополнителни услуги  
Генерирање извештаи за остварена добивка и моментална листа на платени и неплатени фактури  
Месечен надомест без ДДВ 1.699 ден. 2.499 ден.
Дополнителна SCO лиценца   499 ден.

Дали би сакале да видите како функционира Smart Cloud Organizer? Можеме да ви понудиме 30 дена бесплатен пробен период! Без надоместоци, без обврски! Пробајте го нашето cloud решение и видете дали тоа одговара на вашите потреби. Ако сте задоволни со овој производ и би сакале и во иднина да го користите, ве молиме контактирајте нė на sco@telekom.mk

Сакам да го пробам SCO!

Технологија

Нема потреба од инсталации, нема потреба од нов софтвер, нема предуслови! Сė што ви е потребно е веб прелистувач и интернет конекција!

Smart Cloud Organizer е базиран на Server (Glass Fish) и Oracle REST Data Services и работи на Apache Server. За безбедноста на вашите податоци, ние користиме Oracle Database 11g Express Edition.

Апликацијата можете да ја користите преку кој било веб прелистувач: Explorer 7.0+, Mozilla Firefox 3.0+, Opera или Google Chrome.

Референци

Прашања и Одговори

Дали е возможно бесплатно да се тестира услугата?

Да. Можете да го користите Smart Cloud Organizer бесплатно во период од 30 дена, без било какви финансиски обврски. Во овој период можете да ги тестирате сите функционалности од избраниот пакет. По истекот на пробниот период, можете да изберете кој било од пакетите кои се наплаќаат.

Дали е возможно да се промени избраниот пакет?

Да, можете да мигрирате од поголем кон помал пакет и обратно. Пред да мигрирате кон помал пакет, ве молиме имајте предвид дека имате ограничувања на функционалностите.

Дали со услугата ќе добиеме повеќе од едно корисничко име за еден пакет?

Со една лиценца следува едно корисничко име.
Напомена: Даденото корисничко име истовремено може да се користи од повеќе корисници чие работење ќе биде врз база на критериумите за конкуренто пристапување до исти податоци во исто време.

Дали услугата поддржува групирање на корисниците во зависност од нивните привилегии и улоги?

Да, услугата поддржува повеќе кориснички улоги, а тоа го овозможува купувањето на дополнителна лиценца. Доделувањето на кориснички улоги ќе биде од страна на примарното корисничко име.

Дали може да се прикачуваат дополнителни документи?

Да, можете да прикачувате документи во различни формати (pdf, docx, jpg, png etc.).

pageArea reserved, leave empty!!!