Станете постпејд претплатник

Придружете им се на најдобрите, разговарајте безгрижно и сурфајте на најдобрата и најбрзата мрежа во Македонија.

Потребни документи за новите постпејд претплатници

За физичко лице:

  • документ за идентификација на увид (лична карта или пасош);
  • проверка на платежна способност на претплатникот во Македонско Кредитно Биро по дадена согласност или потврда за вработување не постара од 30 дена односно пензиски чек (еднаков или над 5.000 ден.) не постар од 3 месеци.

За невработено физичко лице:

  • еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош); и
  • уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).

За странски државјани кои имаат дозвола за привремен или постојан престој во Република Северна Македонија:

  • документ за лична идентификација изададен од РСМ на увид (увид на Единствен Матичен Број во РСМ), или
  • уплата на депозит.

За странски државјани кои имаат дозвола за престој во Република Северна Македонија до 3 месеци:

  • документ за лична идентификација на увид (пасош); и
  • уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).

За странски државјани со дипломатски статус:

  • документ за лична идентификација на увид (дипломатска или службена лична карта).

Со услугата Преносливост на број можете слободно да преминете во мобилната мрежа на Македонски Телеком од која било друга мобилна мрежа, задржувајќи го својот број заедно со префиксот (073, 074, 075, 076, 077, 078, 079).

Десктоп верзија