Travel & Surf

  • Сурфај безгрижно од странство со единствената понуда на пазарот за сурфање во роаминг - Travel & Surf
  • Со Travel & Surf добиваш навистина евтин интернет во странство, и тоа со можност за одбирање на еден од трите пакети Ѕ, М, L во зависност од твоите потреби

Travel & Surf

Сурфај безгрижно од странство со единствената понуда на пазарот за сурфање во роаминг - Travel & Surf.

Со Travel & Surf добиваш навистина евтин интернет во странство, и тоа со можност за одбирање на еден од трите пакети Ѕ, М, L во зависност од твоите потреби.

Пронајди ја земјата во која ќе патуваш, види во која интернет зона припаѓа и според таа зона одбери го и интернет пакетот што најмногу ќе ти одговара!

Важно! Travel & Surf пакетите важат само доколку сте најавени на мрежата од странските мобилни оператори наведени во табелите.

Пример: Доколку си во Грција, треба да бидеш приклучен на мобилната мрежа на грчкиот оператор Cosmote, за да можеш да користиш еден од Travel & Surf интернет пакетите коишто важат за земјите од Интернет зона 1.

Интернет зона 1

Пакет S (Small) M (Medium) L (Large)
Времетраење на пакетот 3 дена 7 дена 10 дена
Вклучен интернет (upload + download) 30 MB 100 MB 200 MB
Цена на пакетот 149 ден. 349 ден. 649 ден.
Држави во Интернет зона 1 Оператори за кои важат Travel & Surf пакетите
Австрија T-Mobile AUT
Албанија Telekom Albania
Бугарија Telenor (ex Globul), Vivacom
Чешка T-Mobile Czech Republic
Германија Telekom Deutschland
Грција Cosmote Greece
Унгарија Magyar Telekom Plc
Холандија T-Mobile Netherlands BV
Полска ERA GSM Poland
Словачка T-Mobile Slovakia
САД T-Mobile USA
Црна Гора Crnogorski Telekom
Хрватска Hrvatski Telekom

Интернет зона 2

Пакет S (Small) M (Medium) L (Large)
Времетраење на пакетот 3 дена 7 дена 10 дена
Вклучен интернет (upload + download) 10 MB 30 MB 50 MB
Цена на пакетот 149 ден. 349 ден. 649 ден.
Држави во Интернет зона 2 Оператори за кои важат Travel & Surf пакетите
Белгија KPN Group Belgium NV/SA (ex BASE)
Белгија Proximus
Босна и Херцеговина BH TELECOM
Босна и Херцеговина M:TEL
Босна и Херцеговина ERONET
Франција Orange France
Франција SFR France
Израел Orange Israel
Ирска Telefonica O2 Ireland
Србија Telekom Srbija
Србија Telenor Serbia
Србија Vip Mobile
Швајцарија Orange Communications
Швајцарија Swisscom Switzerland Ltd.
Швајцарија Sunrise
Турција Turkcell
Турција AVEA
Велика Британија JV EE Ltd. (ex T-Mobile GBR)
Велика Британија Telefonica UK Limited (ex O2)
Шпанија Movistar (Telefonica)
Луксембург Tango
Косово Monaco T-com
Италија Wind
Италија TIM ITA
Русија Vimpelkom
Русија MEGAFON
Украина Kyivstar
Данска Telenor
Лихтенштајн Telekom
Норвешка Telenor
Словенија Telekom
Словенија SI.MOBIL
Шведска Telenor
Шведска TELE2

Интервалот на тарифирање е 10 KB.

Како да активирам?

  • Со повик или ЅМЅ на бесплатниот број 142 099 од Македонија
  • Со бесплатно користење на Мое мени на *140# од странство

Со активирање преку бесплатен повик или ЅМЅ на 142 099 од Македонија

Доколку сакаш бесплатно да активираш Travel & Surf преку повик или ЅМЅ порака, тоа можеш да го направиш додека сè уште не си ја минал македонската граница или пак, додека сè уште си на еден од нашите аеродроми. Активирањето преку ЅМЅ или повик додека си во странство се наплаќа по редовна цена.
При активирање со повик треба да го следиш Говорниот автомат, додека со ЅМЅ активирање во пораката треба да ја напишеш земјата каде што патуваш и пакетот што сакаш да го користиш.

Пример:

SMS активирање - Ако патуваш во Грција и сакаш да го активираш М (medium) пакетот којшто вклучува 100 МВ со рок за користење од 7 дена, во пораката треба да впишеш Grcija М. За активирање со повик, доколку сакаш да активираш со повик, јави се на 142099, одбери ја првин интернет зоната во која спаѓа земјата во која патуваш (Интернет зона 1 или Интернет зона 2) и потоа пакетот што сакаш да го користиш (S, M, L).

Бесплатно активирање од странство на *140#

Во случај да си веќе во странство, можеш и оттаму бесплатно да го активираш Travel & Surf, преку Мое мени. Сè што треба да направиш е да завртиш *140# и да го одбереш пакетот што сакаш да го користиш. Активирањето преку овој канал е бесплатно, како од Македонија, така и од странство.

Важна напомена:

Интернет пакетот започнува да важи од истиот момент кога си го активирал!

Cо цел да можеш во целост да го користиш одбраниот пакет, активирај пред самото патување додека сè уште си во државата (бесплатно преку сите канали: ЅМЅ, повик и Мое мени) или пак, додека си во странство (бесплатно преку Мое мени).

Потоа, пред да се приклучиш на странска мрежа, потребно е да ја вклучиш опцијата „data roaming on” и подготвен си за безгрижно сурфање во странство!

pageArea reserved, leave empty!!!