Управување со ризик

СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК И ОПОРТУНИТЕТ

Македонски Телеком АД – Скопје има воведено холистичен систем за управување со ризици во Друштвото, којшто систематски ги прегледува и следи сите значителни ризици коишто би можеле да имаат негативни ефекти во постигнувањето на своите цели, при што опортунитетите се преземаат контролирано и се насочени исклучиво на проекти со додадена вредност. Целта е да се осигура одржлив растеж и со тоа да се зголеми задоволството на акционерите, партнерите и вработените.

Друштвото управува со ризиците на организиран начин, со дефинирани процедури од самиот почеток, преку систем на рано идентификување, оценување, управување и следење на ризициите. Процесот поттикнува известување од долу нагоре и од горе надолу, најмалку еднаш квартално и секогаш по потреба, по пат на поднесување на ад хок извештаи. Ризиците поврзани со Бизнис планот на друштвото и инвестициите се оценуваат пред реализација на проектите, со цел да се постигнат планираните цели во одреден временски рок и во рамките на буџетот, при што се максимизира профитот од инвестицијата. Осигурувањето на деловното работење се постигнува со развој на планови за деловен континуитет, а заштитата на средствата се врши со соодветно управување со осигурување, интегрирано во рамките на системот за управување со ризици, на начин којшто комбинира пренесување, ублажување и избегнување на истите.

Ви требаат ли повеќе информации?

Десктоп верзија