Деловни корисници - Телефонија - Посебни услуги - Исклучување
 
 
 
Линкови
 
 

Исклучување

Ако телефонската линија не ви работи, ви е во прекин, треба да се јавите на телефонските броеви за корисничка поддршка на Македонски Телеком и да го пријавите настанатиот проблем. Задолжените вработени веднаш почнуваат активности за лоцирање на проблемот и доколку истиот е на страната на Македонски Телеком се пристапува кон негово отстранување. Доколку проблемот се лоцира во вашата инсталација или уред, за тоа ќе бидете известени и одговорноста за отстранување на проблемот е ваша.

Ако телефонската линијата не ви работела подолг период поради неисправност на вашиот телефон, уреди или инсталација, соодветната месечна претплата ќе мора да ја платите.
Доколку пак линијата не ви работела подолг период поради причина на страната на Македонски Телеком (прекин на кабел, подолготраен застој на комутации и пренос, реконструкција на мрежа и друго) месечната претплата ќе се намали пропорционално на периодот во кој не ви работел телефонскиот приклучок.

Во случај пак ако треба подолг период да бидете отсутни, можете привремено да ја исклучите телефонската линија со поднесување на барање за период од 1 до 3 месеци еднаш во годината, за што плаќате:

 

еднократен надомест

За PSTN линија

700 денари

За ISDN2 линија

950 денари

За ISDN30 линија

7.150 денари

 

 
Пребарување

Актуелна понуда
MaxTV за бизнис корисници
Office Complete-пакет за деловни, a веб креатор за сите корисници
Меѓународни повици
Внесете го името или кодот на државата за која барате информација
 
   
© Македонски Телеком правна напомена