|
|
|
Disaster Recovery решенија
Информатичките системи и податоците што деловните субјекти ги користат во секојдневното работење се најчесто од критична важност за организацијата и истите мора да бидат постојано достапни. Дефект на системот и недостапноста на податоците можат сериозно да ја загрозат или онеспособат организацијата во извршувањето на деловните активности и притоа да предизвикаат значителна материјална и финансиска штета. Целта на disaster recovery решенијата и воопшто планирањето за непрекинатост во работењето (business continuity) е да се гарантира достапност на податоците и процесите на компанијата во секое време и од секое потребно место. Имплементацијата на соодветно решение за таква намена претставува сериозен и обемен проект, при што мора да се почитуваат соодветни регулативни и технички норми и стандарди. Како компанија со повеќегодишно успешно искуство во управување со процеси на непрекинати деловни комуникации, анализа и реализација на процеси, Македонски Телеком нуди комплетни решенија, вклучувајќи консултантски услуги, дизајн, имплементација и одржување, како и соодветна опрема (хардвер/софтвер) и мрежно поврзување. Со тоа им се овозможува на деловните корисници да ги консолидираат своите податочни центри, да ги намалат трошоците за администрирање и одржување, а притоа да поседуваат надежен систем отпорен на испади и голема брзина на оправување.
|
|
|