140+ ПРИЧИНИ ЗА ЗАБАВА

Промотивни ТВ канали само со MagentaTV

Уживајте во повеќе од 140 ТВ канали со богата содржина за сечиј вкус, промотивно без дополнителен надомест. Со MagentaTV, достапна со новата Magenta 1 и со новите Internet&TV тарифни модели, гледајте ги омилените филмови, серии, документарци, спортски и музички содржини, преку следниве дополнителни ТВ пакети:

  • Arena Premium
  • Prva Miks +
  • Pink&Grand+
  • Balkan
  • Tring Extra
  • Pickbox Now
  • Extreme
  • Discovery Max
  • Max Alb

ТВ пакетите ќе бидат автоматски активирани во MagentaTV. Понудата е промотивна и трае од 20.03. - 31.05.2024 година. По истекот на овој период, дополнителните ТВ пакети ќе бидат автоматски деактивирани освен кај постојните ТВ корисници кои ги имале активни пред да преминат на новата Magenta 1 или на новите Internet&TV тарифни модели.

ШТО ВИ ОВОЗМОЖУВА MAGENTA TV

ПЛАНИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВРЕМЕ ЗА УЖИВАЊЕ

ТВ Водич
  • Добијте целосен преглед на содржината од сите ТВ канали
  • Закажете снимање на тековни или идни програми
  • Филтрирајте ги каналите по различни тематски категории и жанрови

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИ ЕДЕН МОМЕНТ

Премотувајте, паузирајте, снимајте
  • Премотувајте ја програмата во живо или гледајте ја од почеток со клик на само едно копче
  • Паузирајте ја програмата што ја гледате и подоцна продолжете со гледање од моментот кадешто сте застанале.
  • Снимајте ги вашите омилени содржини и гледајте ги дома или на вашиот смартфон или таблет во движење

НЕМА НИШТО ИНТЕРЕСНО НА ТВ?

Видеотека
  • Изнајмувајте врвни интернационални и домашни серии, играни филмови, документарци или детска содржина
Видео клуб
  • Најдете ги на едно место сите „on demand“ филмски и ТВ содржини коишто ви се достапни во рамките на ТВ пакетите што сте ги активирале или пак се дел од вашата тарифа – како, на пример, Gley, Pickbox, National Geographic.

НЕ ЈА СНИМИВТЕ ОМИЛЕНА ПРОГРАМА? НЕМА ПРОБЛЕМ.

ТВ-тека
  • Гледајте ја програмата емитувана на дури 37 канали во последните 7 дена.
ДОЗНАЈТЕ СÈ ЗА MAGENTA TV

MAGENTA TV

Е ОНАМУ КАДЕ ШТО СТЕ ВИЕ

Отсега можете да ги следите вашите омилени содржини каде и да сте. На телевизор во удобноста на вашиот дом, на лаптоп од градината, или пак на вашиот смартфон или таблет додека сте во движење. MagentaTV е секогаш со вас и можете да ја следите на дури три уреди во исто време.

На телевизор

Поврзете го вашиот MagentaTV Box со телевизорот. Тој автоматски ќе ве најави на MagentaTV услугата и вие сте спремни да уживате во богатата ТВ содржина на MagentaTV.

На лаптоп

Пристапете до страницата www.magentatv.mk преку вашиот веб-пребарувач. Најавете се со вашиот Телеком профил и вашите омилени содржини ќе станат достапни и на овој уред.

На смартфон или таблет

Преземете ја апликацијата MagentaTV Gо од Македонски Телеком преку Google Play или App Store. Најавете се со вашиот Телеком профил, активирајте ја услугата MagentaTV GO и почнете да уживате во MagentaTV каде и да сте.

СО MAGENTA TV СЕКОЈ ТЕЛЕВИЗОР СТАНУВА ПАМЕТЕН

Компактен MagentaTV Box со Bluetooth далечинско
Можност за гласовно пребарување низ содржините на MagentaTV со помош на Google Assistant
Можност за преземање апликации од Google Play на MagentaTV Box

MAGENTA TV Е ДОСТАПНА СО

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

MagentaTV е новата интерактивна телевизија на Телеком која овозможува сосема ново ТВ доживување, со интуитивен интерфејс, уште повеќе опции, и можност да ја користите каде било и од кој било уред - смартфон, таблет или компјутер.

MagentaTV ќе ја добиете со склучување на договор за новата Magenta 1 или новите Internet&TV пакети.

MagentaTV нуди многу домашни и странски ТВ канали од сите жанрови, како и содржини достапни на барање. Сите содржини од MagentaTV сега се достапни и на смартфон преку апликацијата MagentaTV GO или на веб преку интернет пребарувач. Сите ТВ канали од MagentaTV можете да ги погледнете овде.

ТВ водич: Информации за програмата од претходните и наредните денови.
Паузирање и премотување на содржините на најгледаните ТВ канали.
Снимање на содржините кои се емитуваат на ТВ каналите и кои сакате да ги гледате кога сакате и каде сакате, дома или на вашиот смартфон.
ТВ-тека: гледајте ги сите содржини емитувани во последните 7 дена на најпопуларните ТВ канали од сите жанрови.
Видеотека: Вашето домашно кино достапно во секое време, каде може да изнајмите филм на 24 часа, и да го гледате од било кој од вашите уреди.
Видео клуб: филмови, серии и други содржини кои ви се достапни зависно од Вашата претплата, како дел од основниот пакет или пак со активирање на дополнителни ТВ пакети.
Апликации: Пристап до веќе инсталирани или можност за инсталирање на голем број Android TV апликации директно од Google Play Store.
Нагодување превод на содржини и јазик на корисничкиот интерфејс на македонски, албански или англиски.

На првото вклучување на MagentaTV Box-от, кој работи на Android платформата, потребно е да поминете низ неколку чекори за нагодување: првиот е за нагодување на јазикот на интерфејсот на медискиот приемник. Вториот чекор е поврзување на интернет. Ако во вашиот уред веќе е поставен етернет кабелот од рутерот, вие сте поврзани на интернет, па само кликнете Понатаму. Следен чекор е да ја додадете вашата Google сметка. Ова може да го сторите и подоцна. Понатаму, погледнете ги и прифатете ги условите на Google за користење на Android платформата, а потоа кликнете на Прифати. Изберете име на MagentaTV уредот, за да можете полесно да ги разликувате, во случај да имате повеќе такви уреди во Вашиот дом. Одберете опција во која сакате да биде ставен уредот при исклучување. Препорачливо е да изберете „Во мирување“ за подобро и побрзо функционирање на услугата.

Процесот на најавување на MagentaTV услугата се одвива автоматски и трае само неколку моменти, веднаш откако сте го нагодиле MagentaTV Box-от (видете го претходното прашање). Откако автоматското најавување се комплетира, на екранот ќе се прикаже програма во живо од првиот ТВ канал.

Во вашиот дом, услугата MagentaTV може да ја користите на најмногу 5 телевизори, со 5 засебни MagentaTV Box уреди. Кога сте во движење, продолжете да гледате гледате MagentaTV преку MagentaTV Go апликацијата. Мобилната ТВ услуга ви е достапна на најмногу три регистрирани смартфони, на кои во исто време може да гледате различни содржини.

Од главното мени на почетниот екран (Дома), кликнете на копчето TV. Оваа акција ќе ве врати на последниот гледан канал.

1. Ако гледате ТВ во живо, со клик на копчињата за нагоре /надолу означени со (P+/P-)
Или
2. Ако гледате ТВ во живо, кликнете ОК за да ви се прикаже мини ТВ водичот. Со помош на копчињата за навигирање движете се низ листата на канали. Со клик на копчето ОК потврдете ја избраната програма.
Или
3. Внесете бројот на каналот што го барате. Доколку внесете број за кој не постои дефиниран канал, ќе добиете соодветна порака.
Или
4. Стиснете го копчето EPG за да пристапите во ТВ водичот. Потоа движете се низ каналите со копчињата за навигирање за да го пронајдете го посакуваниот канал.
Или
5. Доколку го знаете жанрот, изберете ја групата програми од тој жанр од Дома.

Снимајте тековна програма:
1. Со клик на црвеното копче за снимање на далечинскиот управувач.
или
2. Со клик на копчето ОК и со избор на опцијата Снимај од мини ТВ водичот. Со еден клик ја снимате тековната содржина. Ако станува збор за серија, ја снимате само тековната епизода. Со два клика, закажувате снимање на целата серија. Со уште еден клик, го прекинувате снимањето.
Закажете снимање на идна програма:
Со клик на копчето EPG, пристапете до ТВ водичот. Овде ја избирате програмата која сакате да ја снимате. Потоа кликате на копчето Снимај на далечинскиот управувач, и тоа еднаш за поединечна содржина или двапати, доколку сакате да закажете снимање на серија. Со уште еден клик, го прекинувате снимањето.

Кликнете на копчето Дома, и движете се надолу дури не дојдете до содржинскиот блок насловен Снимени содржини.

За да управувате со снимените содржини, појдете во делот Нагодувања, и оттука изберете го менито MagentaTV нагодувања. Потоа кликнете Снимање, па Управување со снимените содржини. Овде ќе најдете увид во дозволениот простор за снимање, искористени и преостанати часови. Со избор на копчето Управувај со снимање, одите директно на вашите Снимени содржини. Оттука може да ги гледате, бришете или да правите други промени.

Содржините кои се емитувале на одредени ТВ канали во претходните 7 дена се чуваат во ТВ-теката. За да пристапите до ТВ-теката:
1. Кликнете на копчето Дома и изберете ја категоријата ТВ канали. Потоа, движете се надолу, за да стигнете до содржинскиот блок наречен ТВ-тека. За да ги видите сите достапни емитувани содржини, изберете ја опцијата Погледни повеќе.
Или
2. Кликнете на копчето EPG и пристапете до ТВ-водичот. Овде изберете го каналот на кој барате веќе емитувана содржина, па движете се налево за да дојдете до бараната содржина. Ако пак знаете конкретен датум на емитување, изберете го преку филтерот кој се наоѓа над листата на канали.
Или
3. Преку мини ТВ-водичот со движење во лево.

Содржините од ТВ-теката може да ги следите и преку MagentaTV Gо, доколку сте претплатени на оваа услуга.

Од почетниот екран, Дома, (икона куќичка) изберете Нагодувања (икона запчаник), а потоа изберете го делот Моја MagentaTV. Овде имате преглед на сите канали. Одберете ја опцијата Прикажи ги сите и во Листата на канали дојдете до каналот кој сакате да го обележите како омилен. Кликнете на стрелката десно и почекајте да се означи прикажаното срце. Потоа кликнете ОК.

За да обележите некоја содржина како омилена кликнете на копчето (i), па на Повеќе и потоа изберете го копчето со (PIN) икона.

Од почетниот екран (Дома) изберете Нагодувања (запчаник), а потоа изберете го делот Моја MagentaTV. Одберете ја опцијата Прикажи ги сите канали и означете го каналот кој сакате да го поместите со клик на копчето ОК. Над и под редниот број на каналот ќе се покажат стрелки преку кои може да го движите каналот на саканата позиција. Со оваа акција ја менувате местоположбата на каналот но не и неговиот реден број, односно при бирање на каналот со нумерички копчиња од далечинскиот управувач, сеуште треба да го користите неговиот реден број.

Kликнете на копчето Дома и од главното мени изберете ја категоријата Нагодувања (симболот запчаник). Навигирајте до делот MagentaTV нагодувања. Дојдете до делот Безбедност, и изберете Нагодете/променете ПИН.

Kликнете на копчето Дома и од главното мени изберете ја категоријата Нагодувања (симболот запчаник). Навигирајте до делот MagentaTV нагодувања. Дојдете до делот Безбедност и движете се надолу до делот Овозможете содржини за возрасни. Кликнете за да ја деактивирате можноста за следење содржини за возрасни.

Kликнете на копчето Дома и од главното мени изберете ја категоријата Нагодувања (симболот запчаник), па навигирајте до делот MagentaTV нагодувања. Дојдете до делот Родителска контрола. Дефинирајте ја возрасната граница над која е потребен родителски ПИН (12+, 16+, 18+...). За да работи родителската контрола, потребно е да биде активирана опцијата возрасна категоризација.

Kликнете на копчето Дома за да стигнете до главното мени, па изберете ја категоријата Нагодувања (симболот запчаник). Изберете MagentaTV нагодувања, и оттука навигирајте до делот Безбедност. Овде изберете Возрасна категоризација и активирајте ја со внесување на вашиот ПИН.

Кликнете на иконата Подарок од главното мени. Во оваа категорија се прикажани сите дополнителни ТВ пакети кои се достапни за активирање, како и оние кои веќе сте ги активирале.

За избор и активирање на дополнителен ТВ пакет одете на соодветното копче, каде за кратко ќе ви се прикаже листата на ТВ пакети достапни за Вашата тарифа, вклучително и детален опис на секој од пакетите, како што се вклучени канали, цена и останати информации.

Доколку сакате да деактивирате ТВ пакет, кликнете на копчето Деактивирај. Деактивирањето ќе биде овозможено согласно условите на понудата за конкретниот ТВ пакет.

Овие содржини се сместени во категоријата Видео клуб. Изберете ја оваа категорија од главното мени а потоа навигирајте надолу за да дојдете до посакуваната содржина.

Доколку имате активирано дополнителен ТВ пакет кој вклучува On Demand содржини (содржини на барање), како што се пакетите HBO или Gley, овие содржини ќе ви бидат достапни преку HBO Max или Gley апликациите. До нив можете да пристапите на два начини:
Преку категоријата Видео клуб – изберете ја оваа категорија од главното мени а потоа навигирајте надолу дури не ја видите иконата на пакетот кој го барате
Или
Преку категоријата Апликации – изберете ја оваа категорија од главното мени, а потоа побарајте ја иконата на пакетот кој го барате. Доколку не ја гледате апликацијата што ви треба овде, преземете ја од Google Play. За да го сторите тоа треба да бидете најавени со
вашата Google сметка. За да гледате, треба да се најавите со Вашата регистрирана сметка за таа апликација. Повеќе детали за најавата ќе најдете овде.

Кликнете на копчето EPG од далечинскиот управувач и ќе пристапите до услугата ТВ водич. Овде имате преглед на програмата која е во тек, се емитувала или ќе се емитува на сите ТВ канали. Овде можете да најдете хронолошки приказ на содржините од претходните и наредните неколку дена. Програмата која ја следите во моментот е обележана со линија во магента боја. Содржините кои во исто време се емитуваат на други канали се обележани со светло сива боја. Онаму каде што има достапни дополнителни информации за програмата во тек, можете да пристапите до нив со избор на копчето Дополнителни информации на далечинскиот управувач.

Со клик на копчето ОК на далечинскиот управувач, пристапувате до Инфо менито, со кое добивате краток преглед - името на каналот што го следите, името на содржината која е во тек, нејзината должина и времетраењето.

Кликнете на копчето ОК на далечинскиот управувач, а потоа навигирајте надолу до копчето Рестарт. Изберете го за да ја вратите од почеток содржината што ја следите.

Кликнете на копчето ОК на далечинскиот управувач, а потоа навигирајте надолу до Јазик – Вклучете превод, променете го јазикот на превод на содржината која е во тек, или пак изменете го аудио јазикот, онаму каде што има таква можност.

Од главното мени (Дома), изберете Нагодувања, па Нагодувања за уредот. Овде можете да ги нагодите Android функциите за Вашиот MagentaTV Box (медискиот применик):
Мрежа и Интернет – приказ на сите интернет врски кои Ви се на располагање. Во интерес на квалитетот, користете го MagentaTV Box со директна интернет врска преку етернет кабел!
Сметки и најавување –најавете се или направете промена на вашата Google сметка. Апликации – овде можете да управувате со инсталираните апликации.
Поставки за уредот – нагодете датум и време на уредот, екран и звук, јачина на звук, јазик на интерфејсот на медискиот приемник, тип и јазик на тастатура, заштитник на екран.
LED контрола –управувајте со интензитетот на LED светлата на приемникот.

Да, доколку ова го овозможува моделот на вашиот ТВ приемник. Така далечинскиот управувач што го добивте со MagentaTV ќе можете да го користите за навигација и низ вашиот Smart ТВ приемник. Од главното мени Дома, изберете Нагодувања, па Нагодувања за уредот. Од страничното мени појдете до Поставки за уредот. Потоа кликнете на Екран и звук, па на HDMI CEC. Активирајте го делот CEC вклучување.

Од главното мени Дома, изберете нагодувања, па потоа MagentaTV нагодувања. Појдете во Јазик и изберете на кој јазик ќе бидат преводите на содржините.

За да ја користите MagentaTV Go услугата, инсталирајте ја MagentaTV GO апликацијата на вашиот смартфон или појдете на www.magentatv.mk од вашиот лаптоп или компјутер. Доколку сеуште не сте ја активирале услугата, ќе ви се отвори екранот за активирање преку Мој Телеком. Откако ќе ја активирате услугата, апликацијата автоматски ќе ви го овозможи пристапот до содржините. Содржините што ќе Ви бидат достапни на MagentaTV Go услугата се идентични со пакетот кој го имате на домашниот MagentaTV Box.

Десктоп верзија