За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

eSIM во IoT уреди

Сакате ли да бидете дел од тимот кој работи на Имплементација на eSIM во IoT уреди и креира врвно корисничко искуство? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.

Повеќе за проектот

Имплементација на eSIM во IoT уреди и развој и тестирање на нови IoT решенија со eSIM.

Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година

Ваши секојдневни активности

Ќе учите и ќе работите заедно со нашите професионалци за да го разберете целокупниот процес за eSIM профил и провизионирање во IoT уреди. Ќе тестирате и анализирате IoT решенија со eSIM.

Квалификации

Ги повикуваме оние со страст и желба за учење во полето на дигиталните технологии. Оние кои се кориснички ориентирани, флексибилни, тимски играчи со агилен пристап кон работењето. Предност ќе имаат студентите од електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Ќе добиете практично искуство за процесот на eSIM профил и провизионирање во IoT уреди. Тука ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ!