Eко попуст

percentage icon

Вратете стар уред и Добијте 3000 денари попуст

на вашиот нов T Phone 3, T Phone 3 Pro, T Phone 2, T Phone 2 Pro смартфон или Moto Edge 50 Neo 5G, Moto G35 5G, Moto G85 5G

Сите постојни и нови постпејд приватни корисници коишто ќе остават стар електронски уред (мобилен телефон, таблет, паметен часовник, лап топ, безжични слушалки, батерија, звучник) во каква било состојба, ќе можат да добијат Еко-попуст од 3000 денари, доколку изберат T Phone 3, T Phone 3 Pro, T Phone 2 или T Phone 2 Pro, како и Moto Edge 50 Neo 5G, Moto G35 5G, Moto G85 5G.

Промоцијата за T Phone 2 започна на 2.9.2024 година.

Промоцијата за Motorola започна на 1.6.2025 година.

Промоцијата за T Phone 3 започна на 1.11.2025 година.

Заедно за заштита на животната средина

Климатските промени го засегаат целиот свет и имаме заедничка одговорност да го намалиме негативното влијание врз природата. Да преземеме нешто сега и да направиме разлика за подобра иднина на сите, заедно со вас, нашите корисници, како партнери во остварување на заедничката цел – почиста животна средина.

Затоа, на Глобалниот ден на рециклирањето – 18 март, започнавме со иницијатива за рециклирање на старите мобилни телефони. Во сите наши продавници, во партнерство со „Нула Отпад“, ќе ги собираме старите мобилни телефони со цел, заедно со вас, да го подобриме процесот на намалување на електронскиот отпад.

Иницијативата Еко-попуст е одраз на заложбите на Телеком, како еколошки свесна компанија, да придонесе кон намалување на штетното влијание врз природата и кон создавање поздрава животна средина. Оваа иницијатива го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta.

Green Magenta

Одржливост искомбинирана со перформанси

T Phone 3 Pro ги следи индустриските стандарди поставени од претходната генерација, што покажува дека не е потребно да се прават отстапки во перформансите и пристапноста за да се задржи високото ниво на одржливост. T Phone 3 Pro се истакнува во поглед на одржливоста и постигна одличен резултат на Eco Rating со оцена 88/100. Дополнително, T Phone 3 Pro ја носи ознаката Green Magenta од Дојче Телеком.

Ознаката #GreenMagenta се доделува на производи коишто придонесуваат за заштита на климата и за одговорна употреба на ресурсите. Таа служи како водич за корисниците кога одлучуваат кој производ да го изберат. Откако постигнавме големи намалувања на емисиите на стакленички гасови со T Phone 2 Pro преку оптимизирање на најголемите извори на емисии за време на производството, новата генерација го одржа истото ниско ниво на емисии бидејќи е дизајнирана според истите спецификации за еко-дизајн. Покрај тоа, постигнавме уште подобра оцена на Eco Rating за T Phone 3 Pro во споредба со претходните модели, благодарение на подобрувањата во ефикасноста на материјалите. На пример, ја подобривме поправливоста на T Phone 3 Pro. Дополнително, постигнавме подобрувања во однос на употребата на рециклирани материјали.

T Phone 3 продолжува да ги исполнува стандардите во индустријата поставени од претходната генерација, докажувајќи дека одржливост може да се постигне без да се прават отстапки во перформансите и достапноста.

T Phone 3 се издвојува по својата одржливост. Има одлични Eco Rating резултати. Со оцена 90/100, тој е далеку пред другите во рангирањето. Покрај тоа, T Phone 3 има ознака Green Magenta од Дојче Телеком. Ознаката Green Magenta се доделува на производи коишто позитивно придонесуваат за заштитата на климата и за одговорното користење на ресурсите. Ознаката служи и како водич за корисниците во донесувањето одлуки при купувањето.

Откако беа постигнати големи намалувања на емисиите на стакленички гасови со T Phone 2 преку оптимизирање на најголемите извори на емисии за време на производството, новата генерација има исто ниско ниво на емисии, бидејќи е дизајнирана според истите спецификации за еко-дизајн. Дополнително, со T Phone 3 е постигнат уште подобар резултат на Eco Rating од претходните модели преку подобрување на ефикасноста на материјалите. На пример, поправливоста на T Phone 3 е подобрена. Дополнително, постигнавме подобрувања во однос на употребата на рециклирани материјали.

Услови и поволности

За кого важи Еко-попустот?
Промоцијата „Еко попуст” важи за сите постојни и нови постпејд приватни корисници.

Со промоцијата Еко-попуст за T Phone 3, T Phone 3 Pro, T Phone 2 и T Phone 2 Pro, како и Moto Edge 50 Neo 5G, Moto G35 5G и Moto G85 5G, го дополнуваме веќе постоечкиот процес на враќање стари уреди во замена за попуст којшто може да се искористи само за купување нов мобилен телефон со активен договор за Фамилијарен буџет во која било продавница на Телеком.

Период на важност

Еко попустот може да биде искористен од страна на еден корисник само еднаш во период од 18 месеци.

Начин на активирање

Еко попустот се активира од продажен претставник во која било Телеком продавница.

Искористете го промотивниот Еко-попуст
за купување на вашиот нов смартфон!

Разгледајте ја овде целосната листа.

*Листата на уреди за кои важи Еко попустот е подложна на промени и дополнувања. Промоцијата трае ограничен временски период..

Nula otpad logo