Роаминг интернет пакетот започнува да важи од моментот на активирањето.
Откако ќе се потроши вклучениот сообраќај во пакетот, интернет пристапот се блокира и сте комплетно заштитени од непредвидени трошоци. За да продолжите со сурфањето, одберете и активирајте нов Роаминг интернет пакет, според вашите потреби.
Доколку имате активен Интернет Балкан роаминг пакет, а се наоѓате во некоја од земјите од Западен Балкан, приоритет на трошење има вклучениот роаминг сообраќај во земјите од Западен Балкан во вашата тарифа.
Интервалот на тарифирање е 10 KB.
Опцијата Speak Out овозможува неограничен интернет сообраќај за користење на социјалните мрежи Facebook, Messenger, Instagram, WhatsApp, Tinder, Snapchat, TikTok и Twitter преку мобилната мрежа на Телеком, без притоа да троши од мобилниот интернет што е вклучен во пакетот.
Доколку корисникот го потроши мобилниот интернет што е вклучен во пакетот, опцијата Speak Out ќе престане да работи сè додека корисникот не активира нов неделен Speak Out интернет пакет.