Т-Бизнис МАГАЗИН
Сакате да бидете постојано поврзани со партнерите, корисниците и вработените... од секоја локација, од секој уред, во секое време од денот... да подготвувате документи во Word, пресметки во Excel, презентации во PowerPoint, да комуницирате по е-пошта, да споделувате документи преку OneDrive, да одржувате состаноци, да ја следите тимската работа со SharePoint, Teams... преку современи и сигурни алатки.
Microsoft Office 365 ги вклучува добро познатите Office апликации (Word, Excel, PowerPoint, Outlook) кои можете да ги користите инсталирани локално на самиот уред или преку интернет прелистувач од PC, смартфон или таблет, но и дополнителни алатки и услуги за професионална комуникација и тимска работа, во зависност од избраниот пакет .
За сите бизнис корисници кои сакаат
Флексибилност Без договорни обврски, или на договор од 12 месеци, плаќате месечно преку вашата Телеком сметка, со едноставно додавање или одземање на лиценците според вашите бизнис потреби.
Достапност Документите се синхронизираат во реално време на сите уреди.
Сигурност Највисоките стандарди за безбедност, за комплетно сигурни податоци.
Корисничка поддршка Локална корисничка поддршка 24/7, 365 дена во годината, на тел. 070120; Напредна поддршка во период од 08:00 – 18:00 од понеделник до петок, од тим на сертифицирани експерти.
Контактирајте ме
Невалиден формат на податоци.
Вашето барање е успешно пратено.Нашите агенти наскоро ќе ве контактираат.
Office апликации за PC/MAC, iOS, Android или Windows уред, кои дозволуваат креирање и уредување на документи со Office апликациите каде и да се наоѓате
Корисниците на Business едицијата својата е-пошта од бизнис-класа можат да ја поврзат со: најновата верзија на Outlook, Outlook 2013 и Outlook 2011 за Mac. Претходните верзии (Outlook 2010 и 2007) можат да работат со Office 365 со намалена функционалност
Publisher и Access може да се инсталираат само на PC.
Креирајте и уредувајте документи со веб верзијата на Office апликациите , Word, Excel, PowerPoint и Outlook, преку веб прелистувач.
Едноставна размена на документи во и надвор од Вашата компанија со складишен простор од 1 ТВ по корисник, со контрола кој може да ги гледа и изменува документите
Business-class e-пошта со 50 GB mailbox по корисник и пристапувајте до него преку вашиот PC или преку веб прелистувач
Комуницирајте преку директни пораки, гласовни и видео повици и известете ги соговорниците за вашата достапност преку онлајн статус (Skype for Business, HD video)
Информирајте ја и вклучете ја вашата организација и поврзете ги вработените со квалитетни содржини, експертиза и процеси
Дозволете им на Вашите вработени да напредуваат и да бидат ефикасни да бидат поврзани со вистинските луѓе и да споделуваат содржини меѓу тимовите за проектите на кои работат.
(Што вклучува, проверете во “Имате дополнителни прашања”)
Сите нови и постојни корисници на Magenta 1 Business кои ќе склучат нов или ќе го обноват постојниот Договор на 24 месеци во промотивниот период ќе можат да користат Microsoft 365 Basic 3 месеци без надомест. По истекот на 3 месеци корисниците продолжуваат со плаќање на редовна месечна претплата.
Exchange Online, деловнa е-пошта синхронизирана на сите уреди со 50 GB простор по сандаче, со која можете брзо и едноставно да праќате е-пораки, да управувате со своите контакти и со своето време, користејќи ги напредните календарски опции и адресар.
One Drive for Business , со 1 ТB онлајн простор за чување/едитирање на документи, кои можете да ги споделувате со вработените или соработниците од кој било уред во и надвор од канцеларијата.
SharePoint , интранет портал за заедничка работа што овозможува истовремена работа и достапност на ист документ за сите вработени.
Yammer, социјална мрежа за компаниска комуникација.
Microsoft Тeаms, за поврзување на вработените во тимови и заедничко користење на алaтки, содржини и ресурси.
Сите документи и информации кои ги креирате преку апликациите и услугите содржани во Microsoft 365, ќе Ви бидат достапни 365 дена, 24/7, на секој Ваш уред, во секое време.
Microsoft 365 е пакет услуги кој вклучува пристап до Office апликации и Cloud услуги овозможени преку интернет (како што се Skype for Business за веб конференции, Exchange Online деловна е-пошта, дополнителен онлајн дисковен простор со OneDrive for Business итн. ) .
Повеќето Microsoft 365 пакети ги вклучуваат најновите десктоп верзии на Office апликациите: Word, Excel, PowerPoint, Outlook, OneNote, Publisher и Access (Publisher и Access се достапни само на персонален компјутер). Апликациите можете да ги инсталирате на повеќе уреди, вклучувајќи PC, Mac, Android таблети, Android телефони, iPad и iPhone. Кога имате активен Microsoft 365 пакет кој вклучува и десктоп апликации, секогаш ја имате најновата верзија на апликациите.
Microsoft 365 пакетите кои вклучуваат само онлајн верзии на апликациите се одличен избор за одредени деловни потреби. Тие се направени да работат со најновата верзија на Office, Office 2019, Office 2013, Office 2016 и Office 2011 за Mac. Претходните верзии на Office, како што се Office 2010 и Office 2007, можат да работат со Microsoft 365, но со намалена функционалност.
Сите Microsoft 365 пакети од понудата на Македонски Телеком се плаќаат на месечна основа, преку Телеком месечна сметка.
Microsoft Office е поим кој и понатаму се користи за познатиот софтвер за продуктивност, кој ги опфаќа апликациите како Word, Excel, PowerPoint Outlook и OneNote. Тие се купуваат како еднократна набавка. Апликациите не се ажурираат автоматски, и за да ја добиете последната верзија, потребно е повторно да го купите продуктот кога најновата верзија ќе биде достапна. Пакетите можат да се инсталираат само на еден уред и не ги опфаќаат Cloud услугите од Microsoft 365.
Microsoft 365 е направен да работи со најновата верзија на Office, Office 2019, Office 2013, Office 2016 и Office 2011 за Mac. Претходните верзии на Office, како што се Office 2010 и Office 2007, можат да работат со Office 365, но со намалена функционалност. Повеќе детали за тоа кои верзии на Office се поддржани. Доколку имате Office 2003 или претходна верзија, за да можете да го користите Office 365 потребно ќе биде да ја ажурирате во понова верзија на Office. Или пак, можете да се претплатите на еден од Microsoft 365 пакетите кои ја вклучуваат најновата верзија на Office. Со тоа освен што ќе ја добиете најновата верзија на Office како дел од Вашата Microsoft 365 претплата, ќе добиете и автоматски ажурирања исто така. Споредете ги Microsoft 365 пакетите.
Office може да се инсталира поединечно по корисник најмногу до 5 PC или Mac, 5 таблети и 5 паметни телефони.
За инсталирање и активирање на Microsoft 365 потребен е интернет пристап. Исто така, интернет пристап е потребен и за пристап на Cloud услугите што се вклучени во Microsoft 365, како што се деловна е-пошта, Yammer, One drive итн.
Microsoft 365 Apps for Business, Microsoft 365 Business Standard и Office 365 Enterprise E3 се пакети кои вклучуваат и десктоп верзија на Office апликациите - Word, Excel, Power Point, Оoutlook, One note, Publisher и Access. Една од придобивките што ја имате со десктоп верзијата на Office апликациите е тоа што можете да работите офлајн и да бидете сигурни дека следниот пат кога ќе се поврзете на интернет, целокупната ваша работа и документи автоматски ќе се синхронизираат. Исто така, Вашата десктоп верзија на Office автоматски се ажурира и се надградува кога ќе се поврзете на интернет, така што секогаш ги имате најновите Office алатки.
Cloud е едноставен начин за опишување на веб-базирани услуги хостирани надвор од Вашата компанија. Кога користите Cloud услуги, вашата ИТ инфраструктура се наоѓа надвор од вашите деловни простори (off-premises) и нејзиното одржување го врши компанијата каде што се хостира решението. Во случај со Microsoft 365, софтверското решениe се хостира во дата центрите на Microsoft.
Многу услуги што ги користите секојдневно се дел од Cloud, од е-пошта до мобилно банкарство и онлајн складирање фотографии. Бидејќи инфраструктурата се наоѓа онлајн односно во Cloud, можете да пристапите до неа практично од секаде, од компјутер, таблет, паметен телефон или друг уред со интернет конекција.
Microsoft 365 е високо скалабилнo решение кое може да поддржува компании со само еден или со неколкумина вработени, до компании со десетици илјади корисници:
Office ги обезбедува следниве апликации:
Microsoft 365 може да почнете да го користите веднаш, без инсталација. Но, за да ги користите десктоп верзиите на Office апликациите (Word, Excel, PowerPoint, Outlook, OneNote, Access, Publisher), потребно е истите да ги инсталирате на вашиот компјутер или Mac. Инсталацијата може да ја направите со најавување на www. office.com, со кликнување на Install Office Apps копчето или преку линкот https://portal.office.com/OLS/MySoftware.aspx
Исто така така инсталацијата може да се направи директно преку админ центарот на Microsoft 365.
Доменот што го поседувате можете да го додадете во Microsoft 365 за да креирате доменски базирана е-пошта. За да го додадете веќе регистрираниот домен на својата компанија во Microsoft 365, потребно е да знаете каде е тој регистиран и да ги имате информациите за најавување. Доколку Вие немате пристап, може да се обратите до одговорното лице во вашата компанија задолжена за управување со домен-и. Доколку пак, немате сопствен домен, можете да го регистрирате тука https://www.telekom.mk/registracija-na-domeni.nspx
За да го нагодите вашиот домен, да ги доделите лиценците на вашите вработени/корисници и да им ги овозможете алатките од одбраната Microsoft 365 услуга и да ја мигрирате вашата е-пошта во Microsoft 365, најавете се на https://portal.office.com и следете ги чекорите од корисничкото упатство
За далечинска корисничка поддршка обратите се на тимот за корисничка поддршка на Македонски Телеком, на телефон 120.
Доколку Ви е потребна on-site техничка помош, обратете се на вашиот продажен агент. Доколку немате Ваш продажен агент, обратете се на biznis.kontakt@telekom.mk
Далечинска корисничка поддршка за Microsoft 365 вклучува помош при:
НАПОМЕНА:
За дополнителна помош и упатства, посетете ја веб-страницата www.office.com/support
За да добиете видео запис за бесплатна обука, посетете ја веб-страницата www.office.com/training
Купивте Microsoft 365. Добивте e-порака со податоци за пристап. Што е следно? Најавете се во Microsoft 365 (на подолу наведените линкови) за да можете да пристапите на e-пошта, календар, тимскиот портал, на OneDrive for Business и останатите услуги. Искористете ги следниве линкови за пристап и нагодување:
Лозинката можете да ja промените тука Microsoft Online portal. Доколку Ви е потребно повторно да ја поставите, обратете се на својот администратор.
За Microsoft 365 услугата, плаќате месечен надомест согласно избраниот тип на Microsoft 365 пакет и бројот на лиценци, преку месечна сметка во Македонски Телеком.
Да, доколку е потребна надоградба на услугите можете да го промените пакетот. На пример, можете да се надоградите од Microsoft 365 Apps for Business на Microsoft 365 Business Standard или од Microsoft 365 Business Basic во Business Standard. Исто така, надградбата може да биде од некој од Business пакетите (Microsoft 365 Business Basic, Apps for Business и Business Standard) во некој од Enterprise Е3 пакетот. За тоа, обратете се на вашиот продажен агент или јавете се на 120.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога го надградувате вашиот пакет, името на вашиот домен се префрла на вашиот нов пакет, без разлика дали сте донеле сопствен домен на сметката на Microsoft 365 или сте поставиле домен со Microsoft 365.
Да, можете да комбинирате различни типови на Microsoft 365 пакети. Единствено постои ограничувања во однос на бројот на лиценци кај Business пакетите. При нарачка на само еден тип на пакет од Business пакетите, количината не треба да надмине повеќе од 300 лиценци. Во случај на комбинација на повеќе Business пакети, кумулативната бројка повторно не треба да надмине количина од 300 лиценци. На пример, можете да купите 120 Business Basic лиценци, 180 Business Standard лиценци (вкупно за Business пакетите е 300 лиценци).
Комбинацијата може да биде и меѓу Business и Enterprise пакетите, во случај кога бројот на вашите крајни корисници е поголем од 300.
Да, можете да ја откажете претплатата за Microsoft 365 во секое време, доколку сте се одлучиле за договор на неопределено време. Доколку сте избрале договор за 1 година, тогаш сите преостанати месечни претплати ќе ви бидат наплатени доколку сакате предвреме да го раскинете договорот.
Вашите податоци се само Ваши. Секогаш треба да ги зачувате вашите податоци пред да ја откажете услугата. Доколку се одлучите да ја откажете Microsoft 365 услугата, податоците поврзани со вашата сметка на Microsoft 365 ќе бидат достапни на вашиот администрaторски портал во рок од 90 дена. Во овој период можете да ги преземете вашите податоци и да ги зачувате на друга локација. По истекот на овој период, податоците нема да можат да се преземат.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. Притоа, го подобруваме вашето искуство, го анализираме сообраќајот на страницата и ви прикажуваме содржини и реклами што ве интересираат. За таа цел, на веб-страниците и на уредите се креираат кориснички профили. И нашите партнери ги користат овие технологии. Со избирање на „Ги прифаќам само неопходните“, ги прифаќате само колачињата коишто овозможуваат правилно функционирање на нашата веб-страница. „Ги прифаќам сите“ значи дека дозволувате пристап до информациите на вашиот уред и користење на сите колачиња за аналитички и за маркетиншки цели од наша страна и од страна на нашите партнери.
Потоа, вашите податоци можат да бидат префрлени во трети земји надвор од Европската Унија каде што не можеме да гарантираме исто ниво на заштита на податоците како она што е применливо во ЕУ и во Северна Македонија (видете член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Во делот „Поставки“, можете детално да утврдите сè и да ја промените вашата согласност во секое време.
Повеќе информации можете да најдете во Политиката за колачиња и во Списокот на партнери.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. И нашите партнери ги користат овие технологии. Ние и нашите партнери можеме да ги користиме овие технологии за аналитички и за маркетиншки цели само со ваша согласност.
Користете ги копчињата за да ја означите вашата согласност, како и за да ја отповикате во секое време. Секогаш можете да ја отворите тековната страница од подножјето на нашата веб-страница.
Вашата согласност истовремено претставува и основа за пренос на податоци во земји коишто не се членки на ЕУ (член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Македонски Телеком АД-Скопје не може да обезбеди исто ниво на заштита на податоците како во ЕУ. На пример, постои можност локалните власти да имаат пристап до вашите податоци. Исто така, може да биде ограничено и остварувањето на вашите права за заштита на податоците. Ако сакате да дознаете повеќе, прочитајте ги нашите информации за обработката на податоците во земји коишто не се членки на ЕУ и нашиот список на 19 партнери
Овие колачиња се секогаш активни и неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница.
Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, онлајн купување, наплата, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел тој да ги блокира или да Ве известува за овие колачиња, при што некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.
Овие колачиња ни помагаат да го подобриме нашето разбирање за однесувањето на корисницитеf.
Користиме колачиња и технологии за аналитика за да стекнеме подобро разбирање за тоа како се користи нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ги оптимизираме нашите дигитални услуги. На пример, можеме да утврдиме колку луѓе ја посетуваат нашата веб-страница или одредена услуга. Тие се корисни и за статистички проценки коишто ни покажуваат на кој начин луѓето ги користат нашите дигитални услуги. Анализата се заснова на псевдонимизирани информации.
Овие колачиња ги користиме за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас.
Ние и нашите партнери ги користиме овие колачиња за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас. Исклучено Прочитајте повеќе Колачињата и сличните технологии за маркетинг гарантираат дека ќе гледате само реклами што одговараат на вашите интереси, наместо реклами по случаен избор. Исто така, користиме технологии за маркетинг за да провериме колку добро корисниците примаат одредена реклама. Ова ни помага постојано да го подобруваме нашето рекламирање. Технологиите за маркетинг се користат и на веб-страниците на нашите рекламни партнери. Ова се нарекува ретаргетирање. Тоа ни овозможува да ви прикажуваме соодветни реклами и на други страници.
Со помош на технологиите за маркетинг, создаваме псевдонимизирани профили за содржините и рекламите што ги гледате. Овие информации ни помагаат да разбереме што ве интересира. Исто така, ни овозможуваат да ви прикажуваме релевантни реклами и на други веб-страници.