Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што Македонски Телеком ги собира од нив. Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација.
Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација. Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци. Кога корисникот ќе ја посети апликацијата, Maкедонски Телеком и/или неговите овластени даватели на услуги може автоматски да ги собираат неговите лични податоци, со помош на достапните електронски алатки.
Македонски Телеком ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку апликацијата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во РМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.
Македонски Телеком може да открие или да сподели други податоци и информации на корисникот со неговите соработници и со поврзаните друштва. На пример, може да ги сподели собраните демографски информации (што не вклучуваат информации што го идентификуваат корисникот) со трети лица, вклучувајќи и агенции за огласување, со цел преку употреба на мрежни ознаки да се обезбедат содржини и услуги за кои корисникот би бил заинтересиран, односно за постојано подобрување на квалитетот на нашите интернет-страници. Појаснуваме дека не се работи за лични податоци на корисникот, туку само за информации за сумирани активности на нашите корисници.
Македонски Телеком презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласност со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци на Дирекцијата за заштита на личните податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации. Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата апликација.
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на оваа апликација. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.
Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испрати електронска порака на адресата за заштита на личните податоци data_protection@telekom.mk.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. Притоа, го подобруваме вашето искуство, го анализираме сообраќајот на страницата и ви прикажуваме содржини и реклами што ве интересираат. За таа цел, на веб-страниците и на уредите се креираат кориснички профили. И нашите партнери ги користат овие технологии. Со избирање на „Ги прифаќам само неопходните“, ги прифаќате само колачињата коишто овозможуваат правилно функционирање на нашата веб-страница. „Ги прифаќам сите“ значи дека дозволувате пристап до информациите на вашиот уред и користење на сите колачиња за аналитички и за маркетиншки цели од наша страна и од страна на нашите партнери.
Потоа, вашите податоци можат да бидат префрлени во трети земји надвор од Европската Унија каде што не можеме да гарантираме исто ниво на заштита на податоците како она што е применливо во ЕУ и во Северна Македонија (видете член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Во делот „Поставки“, можете детално да утврдите сè и да ја промените вашата согласност во секое време.
Повеќе информации можете да најдете во Политиката за колачиња и во Списокот на партнери.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. И нашите партнери ги користат овие технологии. Ние и нашите партнери можеме да ги користиме овие технологии за аналитички и за маркетиншки цели само со ваша согласност.
Користете ги копчињата за да ја означите вашата согласност, како и за да ја отповикате во секое време. Секогаш можете да ја отворите тековната страница од подножјето на нашата веб-страница.
Вашата согласност истовремено претставува и основа за пренос на податоци во земји коишто не се членки на ЕУ (член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Македонски Телеком АД-Скопје не може да обезбеди исто ниво на заштита на податоците како во ЕУ. На пример, постои можност локалните власти да имаат пристап до вашите податоци. Исто така, може да биде ограничено и остварувањето на вашите права за заштита на податоците. Ако сакате да дознаете повеќе, прочитајте ги нашите информации за обработката на податоците во земји коишто не се членки на ЕУ и нашиот список на 19 партнери
Овие колачиња се секогаш активни и неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница.
Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, онлајн купување, наплата, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел тој да ги блокира или да Ве известува за овие колачиња, при што некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.
Овие колачиња ни помагаат да го подобриме нашето разбирање за однесувањето на корисницитеf.
Користиме колачиња и технологии за аналитика за да стекнеме подобро разбирање за тоа како се користи нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ги оптимизираме нашите дигитални услуги. На пример, можеме да утврдиме колку луѓе ја посетуваат нашата веб-страница или одредена услуга. Тие се корисни и за статистички проценки коишто ни покажуваат на кој начин луѓето ги користат нашите дигитални услуги. Анализата се заснова на псевдонимизирани информации.
Овие колачиња ги користиме за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас.
Ние и нашите партнери ги користиме овие колачиња за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас. Исклучено Прочитајте повеќе Колачињата и сличните технологии за маркетинг гарантираат дека ќе гледате само реклами што одговараат на вашите интереси, наместо реклами по случаен избор. Исто така, користиме технологии за маркетинг за да провериме колку добро корисниците примаат одредена реклама. Ова ни помага постојано да го подобруваме нашето рекламирање. Технологиите за маркетинг се користат и на веб-страниците на нашите рекламни партнери. Ова се нарекува ретаргетирање. Тоа ни овозможува да ви прикажуваме соодветни реклами и на други страници.
Со помош на технологиите за маркетинг, создаваме псевдонимизирани профили за содржините и рекламите што ги гледате. Овие информации ни помагаат да разбереме што ве интересира. Исто така, ни овозможуваат да ви прикажуваме релевантни реклами и на други веб-страници.